Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Никогаш не учиме

Шаблонот секогаш е ист. Одиме на места на кои не сме добредојдени, на јавноста ѝ кажуваме дека проблемот може воено да се реши и лажеме за нашите мотиви за окупирањето на земјата. Потоа избираме да поддржиме локален цивилен политички авторитет кој неизбежно се покажува дека е корумпиран и репресивен, само зголемувајќи ја локалната одбивност кон американското присуство.

Напуштањето на Авганистан е лекција за Тајван

Додека Западот уште се пакува во Авганистан, кинескиот Глобал тајмс во едиторијал му порачува на Тајван дека поуката што треба да ја извади од Авганистан е дека кога ќе избие војна во теснецот, одбраната на островот ќе колабира за неколку часа, а американската војска нема да дојде да помогне.

Алчноста на фармацевтската индустрија ја пролонгира пандемијата

Кога на почетокот на годинава повеќе држави предводени од Индија и Јужна Африка бараа да им се дозволи да почнат да произведуваат генерички верзии од вакцините на Фајзер и слични, како побрзо би се спречило ширењето и мутирањето на вирусот, тоа беше одбиено затоа што фармацевтските компании под никакви околности немаа намера да го споделат своето знаење. Делта сојот кој пустошува низ светот потекна токму од најсиромашните краеви на Индија.

Воениот колапс на Авганистан почна и заврши со мито

Спектакуларниот колапс на авганистанската армија која по милијарди долари помош и 20 години обука од Американците им дозволи на талибанците да се прошетаат низ земјата и да влезат во престолнината, започна со серија на договори постигнати во селата на Авганистан меѓу талибанците и некои на најниските чиновници на авганистанската влада.

Абдул Гани Барадар, победникот во 20-годишната војна

Мула Барадар на барање на американската влада пред три години беше ослободен од затвор во Пакистан како дел од „мировниот процес“ во земјата.

Падот на Кабул како исход од сите американски победи во Авганистан

Талибанското освојување на Авганистан не е неизбежно, бидејќи сега имате авганистанска армија со 300.000 припадници кои се добро опремени како која било армија во светот и воена авијација, наспроти некои си 75.000 Талибанци,  порача Бајден на 8 јули 2021.

Дали Обама направи ковид кластер со роденденот?

Многу внимателно медиумите објавуваат дека иако не се поврзува со настанот, од роденденот на Обама минатиот петок, до денес, во Мартас винјард има 74 позитивни на ковид-19 што е најголема бројка од април годинава.

Неколку работи од падот на Кандахар

И Талибанците побрзо стигнаа до Кандахар отколку што некој очекуваше, и вториот по големина град падна далеку побрзо отколку што некој очекуваше.

Во Авганистан се распадна кредибилитетот на Џо Бајден

Ако Доналд Трамп претседателствуваше сред дебаклот во Авганистан, американскиот дипломатски естаблишмент на цел глас ќе ја осудуваше неодговорноста и неморалноста на американската стратегија. Бидејќи во Белата куќа е Џо Бајден, наместо тоа, главно, има срамен молк.

Речиси половина од руските медалисти се припадници на безбедносните сили

Од 71 медал што го имаат освоено Русите на Олимпијадата во Токио, нешто помалку од половина ги добиваат луѓе од војската, полицијата и националната гарда.

Уште е во игра теоријата дека научник од Вухан е првиот заразен со ковид-19

Главниот инспектор на СЗО за истрагата во Кина тврди дека пандемијата може започнала заради човечка грешка и Кина не е „многу волна да го признае тоа“.

Зошто во Шведска се забранети реклами за деца

Кога Шведска реши да дозволи приватни телевизии, истовремено тргна да ги заштити и најмалите, забранувајќи реклами во кои тие се таргетот. Причината е едноставна: за децата не постои јасна линија меѓу она што им се нуди како телевизиска програма и она што им се нуди како на конзументи.

Наместо вакцинирани, илјадници Германци биле саламурени

Медицинска сестра од северна Германија измамила илјадници луѓе кои верувале дека примаат вакцина против ковид, а всушност добивале само обичен солен раствор. Можно е да се работи за преку 8.000 луѓе.

Богатите се згрозени од уште побогатите

Мирот на староседелците богаташи од Хемптонс моментално е нарушен од најголемиот проблем што го имале до сега - уште побогати луѓе од нив.

Русите имаат уште еден лаптоп од Хантер Бајден

Руски дилери на дрога украле уште еден лаптоп од синот на американскиот претседател дур тој бил на раб од предозирање во соба во Лас Вегас во 2018, тврди синот на американскиот претседател.

ЕУ ќе проверува нови можни нус-појави на Фајзер и Модерна вакцините

Три нови состојби кои се пријавени од мал број луѓе што ги имаат примено вакцините на Фајзер и Модерна ќе бидат истражувани од ЕМА за да се утврди дали се можни нус-појави од вакцинирањето.

За добар анти-ваксер нема лош заговор

Човекот што го напиша филмот „Јас сум легенда“ со Вил Смит деновиве мораше јавно да објасни дека филмот е фантастика а не документарец за луѓе кои по вакцинирање се претвориле во зомбија... ако некој воопшто му верува.

На работа! На Онлифанс!

Најдобро платените креаторки на Онлифанс заработуваат 270 пати повеќе пари отколку просечниот Британец кој се решил на потрадиционална професија.

Издишаното либидо на политичките „куомосексуалци“

Доживувајќи го како противотров за гротескниот Трамп, фановите на њујоршкиот гувернер Ендру Куомо своeвремено почнаа себе си да се нарекуваат куомосексуалци. Тој деновиве сепак поднесе оставка поради сериозните обвинувања за сексуално вознемирување на жени во негова близина. На фановите веројатно не им е лесно, ама па, ако им е. Кој до толку без усул се ложи на политичари, и не заслужил некоја посебна емпатија.

За да ја спасиш планетата прво треба да ја уништиш планетата?

За да помогнат во намалувањето на загадувањето од автомобили, Гејтс, Безос и Блумберг ќе почнат со ископување на ретки метали неопходни за батериите за електрични возила, а за да почнат со ископување ќе направат рудник сред недопрена природа на Гренланд.

Талибанците не можат да се доизнаосвојуваат во Авганистан

Во рок од 6 дена Талибанците освоија 8 провинциски главни градови, оставени од Американците и НАТО да бидат бранети од локалната војска.

Не си прав феминист ако не направиш вазектомија?

Ако веќе се доживуваш себе како сојузник на жените, време е со дела да застанеш зад своите ставови и да направиш вазектомија, порачува колумнистката на Гардијан, Џил Филипович.

Прскање комарци? Србите не се наивни!!

Една од најопасните служби во Србија не се пожарникарите ниту медицинскиот персонал кој е во првиот ред во борбата со ковидот, туку  оние што прскаат за комарци. Излудени од теории на заговор и општ пандемиски хаос, луѓе почнуваат да ги напаѓаат тие екипи сомничејќи ги дека ги трујат со нешто. Со што? Со нешто де.

Луѓе се навредени од зборот „кари“, па бараат негово укинување

Зборот што се користи за опишување на повеќе индиски јадења е погрешен и е вкоренет во британскиот колонијализам.