Дали Обама направи ковид кластер со роденденот?

Многу внимателно медиумите објавуваат дека иако не се поврзува со настанот, од роденденот на Обама минатиот петок, до денес, во Мартас винјард има 74 позитивни на ковид-19 што е најголема бројка од април годинава.

Обама првично планираше да собере 500 гости за 60-от роденден, меѓутоа по критиките и ширењето на Делта варијантата, одлучи да го намали бројот.

Тој со дел од своите пријатели има средба во четвртокот, па во петокот е главната забава, и во неделата по роденденот организира уште еден појадок-ручек.

Наместо првичните 500, тој пречекува меѓу 300 и 400 најблиски пријатели и соработници.

Од заболените сите се локалци или вработени во хотелите и рестораните во кои присуствуваат гостите. За сега нема пријавено ниту еден случај меѓу гостите на Обама.

Локалните здравствени власти објаснуваат дека не може да се потврди дека заразените се поврзани со роденденот на Обама се додека во понеделник не пристигнат официјалните бројки за оваа недела.

14 август 2021 - 18:23