Великаја, злато и сребро во мечување, капетан во вооружените сили; Бацарашкина, две злата и сребро во стрелаштво, поручник на руската национална гарда; Рилов, пливање, две злата и едно екипно сребро, виш водник во полиција.
Поклопувањето на спортот и безбедносните структури на Русија главно се должи на традицијата на армиски и полициски клубови и друштва кои се отворат низ земјата уште од почетоците на СССР.
Најпопуларни примери се ЦСКА како клуб на армијата и Динамо како клуб на полицијата. Во тоа време од ваквите клубови доаѓа и спортската елита на земјата, па цели репрезентации на СССР во фудбал или хокеј се составени од офицери на Црвената армија или полицијата.
Членовите на овие клубови напредуваат чисто според достигнатите успеси на меѓународните натпреварувања. Пост-СССР клубовите воведуваат две категории на спортисти: војници, кои напредуваат по успех, и цивили, кои потпишуваат договор.
Идејата е дека додека се активни спортисти, војниците ќе добиваат плата која ќе им даде некаква сигурност низ кариерата, а кога ќе завршат со натпреварување можат да ја продолжат својата воена кариера.