Вести

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Швајцарска компанија копа мрежа од бункери длабоко под Алпите во која супербогати клиенти ќе можат да ги чуваат своите пари, накит, уметнички колекции, па дури и лимузини. За сума до 1 милион франци, клиентите добиваат апсолутна анонимност и право да складираат што сакаат во период од 99 години. Единствено е забрането внесување експлозиви и дрога.

Големите американски градови забрзано губат деца

Бројот на деца опаѓа низ целата територија на САД, но причината не е само рекордно ниската стапка на наталитет во земјата. Падот е особено изразен во големите градови. Во некои има повеќе жители, но помалку деца. Соочени со високите трошоци, нарушената безбедност и влошувањето на квалитетот на живот, семејствата со мали деца едноставно се селат во помалите места.

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Војната во Иран не само што ја остави Кина без нафта и гас од Персискиот залив, туку ѝ го блокираше главниот трговски канал до Европа. Тоа го охрабри Пекинг да ги забрза напорите да ја пробие алтернативната трговска рута, преку Арктикот. Брод натоварен со контејнери денеска ја отвора првата редовна линија од „Ледениот пат на свилата“ до Британија.

Речник

Трамп бара помош од приватни компании за хакерски напади

Администрацијата на Трамп охрабрува приватни компании да спроведуваат кибернетски напади против меѓународни хакери кои ги загрозуваат американските интереси или инфраструктурата. Со ова САД ќе можат да ја заострат војната на кибернетското бојно поле и притоа да отфрлаат директна одговорност – тактика што веќе ја користат Пекинг, Русија и Пјонгјанг.

Универзитет ги укинува оценките за да ги мотивира бруцошите

Универзитетот во Мичиген ќе го укине традиционалниот систем на оценување на студентите од првиот семестар за да не ги обесхрабри уште на почетокот од студирањето. Наместо оценки што одразуваат колку добро го совладале материјалот едноставно ќе бидат известени дали го положиле испитот. Харвард, пак, го заострува оценувањето за да ја поттикне конкуренцијата.

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Американците ќе треба сериозно да го преиспитаат капацитетот за модерно војување на копно. На воени вежби во Германија, елитна оклопна бригада од базата Форт Худ во Тексас била разбиена при секое соочување со украински дронови управувани од ветерани од војната со Русија. Пентагон побара уште милијарди долари за системи за одбрана од дронови.

Анти-ваксери за малку ќе упаднеа во седиштето на Би-би-си

За малку, затоа што прво беа спречени од кордонот полиција пред зградата, второ затоа што Би-би-си пред речиси една деценија речиси целосно се има иселено од зградата во Лондон која сега му се изнајмува на ИТВ за дневните програми.

Колку е добро да си Бионтек

Германската компанија се провери уште еднаш и излезе во јавност со официјално зголемување на парите што очекува да ги заработи од продажба на вакцини, плус најави дека ќе почне да ја тестира информационата РНК технологија во борба против рак.

Ние уште го требиме оризот, Јапонците веќе го нункаат

Со супер наслов (Rice, Rice, Baby), британски Гардијан пренесува за еден адет од „новотo нормално“ меѓу Јапонците кои добиле бебе. Гордите родители на блиските им праќаат вреќички со ориз кои тежат исто колку новороденчето и доаѓаат со фотографија од него, за пријателите и членовите на пошироката фамилијата да можат да го земат во раце „малото“ и да го „осетат“ во време на пандемија.

Од климата ќе видиме само полошо

Човекот ја дотера работата со климатски промени до таму тие да бидат неизбежни и неповратни, се заклучува во алармантниот нов извештај на Обединетите нации.

Луѓето на Хилари ќе пробуваат да ја прават Камала подопадлива

Тема на една вечера организирана од група од највлијателните жени на Демократската партија била како да се одбрани Камала Харис од катастрофалниот имиџ во медиумите и како малку од малку да почне да му се допаѓа на народ.

Не можеш да си флејтистка а да мислиш што сакаш

Балтиморската филхармонија ја отпушти својата прва флејтистка. Емили Скала нема утнато ниту една нота и нема пропуштено проба на оркестарот. Ама затоа пишувала постови за потеклото на коронавирусот и се сомневала во ефикасноста на вакцините.

Саут парк останува на Виаком за 900 милиони долари

Треј Паркер и Мет Стоун ќе прават нови епизоди и филмови од Саут парк за Комеди централ, а за возврат ќе добијат едно брдо пари од телевизиската мрежа.

Сите американски истраги водат кон лабораторијата во Вухан?

Крајот на август или почетокот на септември 2019, е периодот во кој ковид-19 вирусот протекува од Вухан институтот за вирологија. Кога ова им станува јасно на кинеските власти и на научниците тие очајнички се обидуваат да го замаскираат протекувањето, меѓутоа веќе е предоцна за тоа бидејќи вирусот почнува да се шири низ 11-милионскиот град, се наведува во новиот извештај кој доаѓа од американскиот Конгрес.

Не сте само вие, и на Лари Пејџ му се бега во Нов Зеланд

За разлика од вас, Пејџ не оди во Нов Зеланд со договорена тезга за местење гипс-картон, туку чисто заради „не дај Боже“ да не рокне некоја апокалипса во светот.

Девојка избегана од Северна Кореја: Разбудената Америка е бетер

27 годишна студентка на американскиот Универзитет Колумбија која преку замрзнати води и пустини има избегано од Северна Кореја, се разочарала кога видела колку во САД денес го има она по кое е озлогласена нејзината татковина замолчување на слободното мислење  и перењето мозоци. 

Епл сака да ги скенира сите слики што ги имате на Ајфон во име на борба против педофилија

Планот е скенирање на колекциите слики на Ајфоните во САД во кои ќе се бараат веќе познати педофилски слики. Иако сето ова се тера во име на крајно благородна кауза, стравот е дека истата технологија би можела да биде и злоупотребена.

Некои се разболуваат и вакцинирани. Е добро, де.

Ги викаат брејктру случаи и често добиваат големо внимание од медиумите а се работи за оние луѓе кои закачиле ковид-19 иако биле прописно вакцинирани со две дози. Она што често недостасува во сензационалистичкото покривање на овие случаи е контекстот и поголемата слика. 

Ковид ја истакна детската незрелост на западната демократија

Владите премногу лесно се дефокусираат со инстантна гратификација за да видат каде лежат вистинските интереси.

Гејтс ги води вечерите со Епстин како „голема грешка“

Неколку месеци по разводот со Мелинда, и илјадници прозивања за дружењето со педофилот и сексуален злосторник Џефри Епстин, Бил Гејтс одлучи да проговори и јавно да се покае за дружбите.

Вештачката интелигенција разочара против ковид

Пред и за време на пандемијата беа создадени стотици алатки со вештачка интелигенција кои требаше да помогнат во откривање на ковид, дел од нив беа користени и во болници, меѓутоа ниту една не помогна.

Дали вода секогаш е најдобар избор на горештиниве?

Одговорот уште од старт е не, (за жал не е ни шприцер), туку еден сеприсутен но малку запоставен пијалок - млекото.

Невакцинираниот тапанар на Оффспринг отстранет од бендот

Рокенролот денес: „Другарите“ од бендот „најдругарски“ решиле дека „другар им“ не е здравствено безбеден да се мота во нивна близина бидејќи е неевакциниран.  А ем тие се вакцинирани ем овој има прележано ковид. А не е некој напорен анти-ваксeр туку дечкото e ризично да се вакцинира.

Ако запнеме со пошумување ќе останеме гладни

Доколку се пошумат 1,6 милијарди хектари за државите и фирмите да можат да надоместат за загадувањето на воздухот, до 2050 цената на храната да поскапе за 80%, се предупредува во истражувањето на Оксфам.

Такер Карлсон ќе држи говор на десничарска конференција во Будимпешта

Водителот на Фокс њуз неделава веќе сними едно шоу од Будимпешта, се виде со унгарскиот премиер, а следно на распоредот му е појавување на десничарскиот МЦЦ фест кој се одржува во главниот град на Унгарија.

Четворица полицајци што интервенираа на Капитол хил се самоубија

Во понеделникот полицијата на Вашингтон ДЦ потврди дека уште двајца полицајци кои на 6 јануари учествуваа во одбраната на Капитол хил извршиле самоубиство.

На Америка и снемува оружје и муниција, за цивили

„Мајки со бебешки колички и баби купуваат сачмарки“ изјавува сопственикот на една продавница за оружје во Њујорк, на кого продажбата на муниција му е зголемена за десет пати, а пратки од 10.000 куршуми ги продаваат за само 3 дена.

За веганите не треба да важи задолжителна вакцинација?

Британските работодавци што планираат да воведат задолжително вакцинирање за своите вработени, треба од тоа да ги исклучат веганите, е препораката на адвокатите и правните експерти.

Вухан пак ќе ги тестира сите жители

Родниот град на новиот коронавирус најави дека сите жители ќе бидат тестирани откако се појавиле нови случаи на заразени. Станува збор за три односно седум случаи. Во град од 11 милиони луѓе.

Фајзер и Модерна ги поскапеа ковид-19 вакцините за ЕУ

Поскапувањата доаѓаат со новите договори што двете компании ги потпишаа со ЕУ за снабдување со вакцини, и не е некое ситно, симболично, поскапување, туку новите цени се повисоки за околу 30%.