
Пејџ аплицирал за специјална виза на 3-ти ноември 2020, а прв пат пристигнал во земјата на 11 јануари 2021 кога неговото дете се разболело на Фиџи. Визата на Пејџ била одобрена на 4 февруари 2021. Станува збор за Инвестор плус визата, која му дозволува на секого влез и траен престој во земјата во замена за инвестиција на најмалку 10 милиони долари.
За неговата посета на 11 јануари се знае само дека тој бил во карантин како и сите што влегуваат во земјата. Не е познато од каква болест страдало детето на Пејџ, ниту каде тој го минал карантинот.
Се уште не е познато каде Пејџ би ги инвестирал овие 10 милиони долари.
Тој и понатаму останува државјанин на САД.
Претходно Питер Тиел, ко-основачот на Пејпал и еден од најмоќните ликови во Силициумската долина, доби државјанство на Нов Зеланд.
Во 2017 Њујоркер пишува за напливот на европски и американски богаташи во Нов Зеланд, кој островот го сметаат за „осигурување“ во случај на општествен колапс на нивните родни држави.
Пред некој ден беше објавено дека Нов Зеланд е најдобро место за преживување на апокалипса и распад на цивилизацијата.