
Вреќичките со ориз доаѓаат во различни дизајни и најчесто симулираат бебе завиткано во пелена, со фотографија од бебето, за да можат роднините да почувствуваат како е да се држи приновата додека гледаат во неговата фотографија.
Количината на ориз соодветствува со тежината на новороденчето и се наплаќа еден јен за грам ориз, што значи дека за бебе од три и пол кила, се плаќа околу 27 евра.
Родоначалниците на овој бизнис модел дошле на таа идеја пред 14 години кога самите добиле синче па решиле на роднините кои живеат далку да им испраќаат баждарени вреќички со фотографија од малото. Пандемијата природно им го проширила потенцијалниот пазар.
Им оди многу добро па го надополниле асортиманот со свадбени вреќички. За да не банкротираат или се искилават родинините со вистинската тежина на невестата и младоженцот, повторно се работи за мали вреќички со ориз, со нивни фотографии кога биле бебиња, за да им покажат на родителите колку се благодарни што ги родиле. Во последно врееме, свадбениве вреќички и подобро се продавале од породилните.