
Како што пишува Гардијан, најголемиот дел од демонстрантите пред зградата биле дојдени со уверување дека се пред главната зграда на Би-би-си на кого му се гневни заради начинот на кој пренесува за коронавирусот.
На крај целата работа се заврши со малку пожестоко туркање меѓу демонстрантите и кордонот полиција пред влезот на објектот.
Би-би-си ја напушта зградата уште во 2013, и од тогаш дел од студијата се пренаменети во станови и приватни клубови, а дел се изнајмуваат. Сегашното седиште на Би-би-си, заедно со новинарите и целиот персонал е на осум километри од старата локација.
Би-би-си веќе неколку пати пријавува вербални и физички напади врз нивните новинари од страна на противници на мерките за затворање по дома.