Новото предвидување на Бионтек е дека годинава ќе има вкупни приходи од 15,9 милијарди евра, откако заедно со Фајзер потпишаа дека до крајот на годинава треба да испорачаат уште 2,2 милијарди дози, а за 2022 имаат над 1 милијарда. Новата процена е 3,5 милијарди евра повисока од претходната.
Фајзер минатиот месеци објави дека вакцината против ковид е на пат да стане една од најдобро продаваните лекови на сите времиња. Очекувањата на Фајзер се дека годинава ќе заработи 33,5 милијарди долари од продажба вакцината (ова е сумата што ја делат со партнерите, и парите на Бионтек доаѓаат од ова купче).
Планот на Бионтек е заедно со Фајзер во третиот квартал да почнат да тестираат иРНК вакцина против инфлуенца, компанијата веќе работи и на вакцина против маларија. Вакцината против рак пак треба да го поттикне имунитетниот систем да се бори против туморите.
Годинава Бионтек има започнати 6 нови тестирања на пациенти, а до крајот на годинава планира да започне уште две.
За споредба, во вториот квартал 2020, Бионтек имаше продажба од 41,7 милиони евра, за годинава за истиот период од три месеци, да достигне 5,3 милијарди евра.