Саут парк останува на Виаком за 900 милиони долари

Треј Паркер и Мет Стоун ќе прават нови епизоди и филмови од Саут парк за Комеди централ, а за возврат ќе добијат едно брдо пари од телевизиската мрежа.

Договорот со Виаком ќе трае до крајот на 2027, и во ова време тие ќе треба да им испорачаат шест сезони од серијата Саут парк и 14 филмови. Освен на Комеди централ, содржините ќе одат и на Парамаунт+ стриминг сервисот на Виаком. Во договорот влегува и 3Д видео игра сместена во светот на Саут парк.

Првиот проект од договорот ќе биде Саут парк филм што треба да излезе кон крајот на годинава. Сите филмови својата премиера ќе ја имаат на Парамаунт+.

За време на пандемијата запре редовната продукција на Саут парк, меѓутоа сепак беа издадени две „специјалки“ од по еден час. До сега серијата има 23 сезони.

Саут парк 25 години е на Комеди централ од неговата премиера во 1997. До сега тие имаат извадено над 300 епизоди од серијата и еден филм кој беше објавен во 1999.

Моментално целосната колекција на Саут парк се емитува на ХБО Макс, освен 5-те најконтроверзни епизоди на шоуто.

6 август 2021 - 16:19