Вкупно седуммина биле позитивни на вирус, од кои четворица немале симптоми. Се работи за работници кои во Вухан дошле од други провинции.
„Градот забрзано организира ново ПЦР тестирање за сите жители на градот,“ веднаш најавија градските власти.
Последните случаи на коронавирус во Вухан биле регистрирани во мај. Делта сојот се појави минатиот месец, на истокот од Кина.
Последното масовно ПЦР тестирање во градот беше извршено во јуни кога биле тестирани точно 9.899.828 лица и биле откриени 300 асимптоматски случаи.