Отказот на Скала доаѓа шест месеци откако градската филхармонија јавно се огради од пишувањата на Скала на социјалните мрежи во кои се сомнева во ефикасноста на маските и вакцините. Претходно има споделувано теории дека вирусот потекнува од лабораторија во Северна Каролина а ги спорела и резултатите под последните претседателски избори.
Емили Скала во филхармонијата работела 33 години.
„Последниве месеци имавме воведено дисциплински мерки за госпоѓа Скала, но таа продолжи да ги повторува грешките и немавме друго решение освен да ја отстраниме,“ соопшти филхармонијата.
Формално, повод за отказот е најден кога таа без маска отворила врата од правната служба за да предаде даночна пријава.
Емили Скала на која отказотѕ ѝ бил соопштен преку телефон оценува дека голем дел од случајот е политички обоен и дека проблемите со колективот започнале откако решила да не крие дека е симпатизер на Доналд Трамп а попат не се воздржувала ни од критики на сметка на Блек Лајвс Метер.
„Јас само сум ја зборувала вистината, онака како што јас ја гледам. Ме казнија за она што сум,“ вели отпуштената инструменталистка.
Колку се овие случаи на модерна лустрација вчудоневидувачки станува јасно дури и кога површно ќе се прелиста во што сè верувале некои големи научни и уметнички имиња во историјата: Исак Њутн верувал се интересирал за алхемија и библиска нумерологија, Вилијам Шокли, научникот кој е ко-изумител на транзисторот и се смета за основоположник на електронската ера, верувал дека неписмените црнци кои имаат многу деца се главната опасност за движењето за граѓански права, основачот на молекуларната биологија Линус Паулинг верувал дека рак може да се лечи со витамин Ц....
Никој од нив нема добиено отказ. Ама ова денес да ти било прогресивност и слобода.