
Како што пишува Аксиос „ова е важно штом толку рано во мандатот на Бајден-Харис администрацијата, толку моќни луѓе се почувствувале обврзани да го исправат курсот на бродот на потпретседателката“.
Вечерата била организирана од Кики Меклин, експерт за јавни односи и поранешен советник на Бил и на Хилари. Од поранешната екипа на Хилари учествувале и демократските стратези Адриен Елрод и Карен Финеј. Тука била и директорката за комуникации на Белата куќа на Обама, Џенифер Палмиери, плус уште неколку високи функционерки од Демократската партија. Ниту една од присутните не била од поставата на актуелната американска администрација.
Причина за „да се видиме“ било и тоа што Камала изминатиов период има лоша серија во медиумите, од протекување на изјави од високи функционери кои не се согласуваат со нејзините политички процени, до сведоштва константна нефункционалност во нејзиниот кабинет.
Дискусијата била во правец што да се направи околу негативните перцепции за Камала и како да се помогне таа да има подобар статус во медиумите, односно „како оваа група да даде поддршка однадвор“ без да се мешаат во организацијата на нејзината работа во Белата куќа.
„Многумина од нас бевме дел од кампањата на Клинтон, и сакаме да помогнеме да се сузбие дел од родовата динамика во известувањето на медиумите која и наштети на Хилари Клинтон.
Сме го виделе ова и порано. Суптилно е. Меѓутоа кога работите не одат добро за машки политичар, ние поставуваме многу поинакви прашања, и тие не одговараат за своите постапки како женските лидерки,“ изјавил неименуван извор за Аксиос.