Врз основа не на вести од портали туку на единствените официјални државни податоци за САД, оние од Универзитетот Џон Хопкинс, вака стојат работите околу овие вонредни ковид случаи:
- Нивото на таквите случаи на заразени во општата слика се движи меѓу 0.01% и 0.29% за сите 50 држави. Што значи дека во ниедна федерална држава на Америка, нивното учество не е поголемо од 0.29%.
- Стапката на хоспитализација на целосно вакцинираните луѓе инфицирани од коронавирус се движи меѓу 0.00% и 0.06%.
- Стапката на смртност меѓу овие лица во суштина е рамна на нула во 48 држави. Во две држави (Арканзас и Мичиген), педантно пресметаната стапка на смртност изнесува 0.01%.
- Ковид-19 инфекции меѓу невакцинираните поединци изнесува меѓу 94.1% и 99.85% (во зависност од државата) од вкупниот број инфицирани во САД.
- Меѓу 95.02% и 99.93% од тие хоспитализации заради компликации поврзани со ковид се однесуваат на невакцинирани луѓе.
- Од 96.91% до 99.91% од смртните случаи од ковид -19 им се случиле на невакцинирани Американци.
Брејктру случаите на ковид-19 се ретки, очекувани и историски се случувале и со други вакцини. Сериозни болести и смртни случаи меѓу комплетно вакцинираните се екстремно ретки, а вакцините се екстремно ефикасни во спречување зараза, жестоки форми на болеста и смрт од ковид 19.
* извор: Unbiased Science Podcast