Ако до сега ЕУ му плаќаше на Фајзер по 15,5 евра за вакцина, според новиот договор цената ќе биде 19,5 евра. Кај Модерна цената е поскапена од 19 на 25,5 евра.
Од Фајзер изјавиле дека немаат што да коментираат вон тоа што го објавила Европската комисија, а од Модерна воопшто не вратиле на прашањата на Ројтерс.
Во мај годинава ЕУ објави дека до крајот на септември очекува да добие над 1 милијарда дози од четири производители. Целта на ЕУ е до крајот на летото да вакцинира 70% од возрасната популација.
Кога САД го потпишаа првиот договор со Фајзер за купување 100 милиони дози по цена од 20 долари по доза, процените беа дека профитот на Фајзер на оваа е цена е меѓу 60 и 80 проценти.
Процената на Вол стрит журнал е дека двете компании на светско ниво само од вакцини ќе имаат приходи од 32 милијарди долари.