
Гејтс за Си-ен-ен објаснил дека имал „неколку вечери“ со Епстин околу филантропски проекти кои не се случиле, и дека погрешил што со своето присуство му дал „кредибилитет“ на Епстин.
„Имав неколку вечери со него, надевајќи се дека ќе се остварат неговите муабети за обезбедување милијарди долари преку неговите контакти за филантропија за глобалното здравје.
Кога почна да изгледа дека тоа нема да се случи, таа врска заврши.
Беше огромна грешка што минав време со него, и му дадов кредибилитет со тоа што бев таму,“ изјавил Гејтс.
Иако не навел во кој период биле средбите, американските медиуми тврдат дека тоа било во периодот меѓу 2011 и 2014. Ова е пред апсењето на Епстин во 2019 по обвинението за трговија со малолетнички, меѓутоа по неговата затворска казна од 2008 за други сексуални прекршоци.
Во истото отворање пред народ, Бил прозборел и за разводот од Мелинда, кој го нарекло „извор на голема лична тага“. Тој изјавил дека со поранешната сопруга „ќе се обидат и ќе продолжат“ заедно да работат на Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата.