Пит Парада не се вакцинирал и тоа го чинело место во Оффспринг. Веста самиот ја обелодени на Инстаграм, пишувајќи:
„Неодамна било решено дека е небезбедно да сум во нечија близина, во студио, на турнеја. Го пишувам ова за луѓето да знаат зошто нема да ме видат на претстојните свирки на групата. Го пишувам ова и заради сите оние луѓе кои се чувствуваат оставени и минуваат низ агонијата на нивната изолираност.“
Парада вели дека не е во состојба да го следи она што станува мандаторно правило во индустријата, да се биде вакциниран, бидејќи долго време страда од Жилиен-Бар синдромот кој се смета за ризичен за вакцинирање. Се работи за авто-имуна болест во која организмот сам ги напаѓа нервите и Парада вели дека не е сигурен дека би го преживеал пост-вакциналниот период.
Додава и дека веќе има прележано ковид и тоа со умерени симптоми и дека е сигурен дека лесно би минал и повторно заразување, но додадава „тие нека прават како што мислат дека е добро за нив, јас ќе правам како што јас мислам дека е добро за мене.“
Но повторува дека не се работи само за него туку за безброј случаи кои носат одлуки како неговата, меѓу другото и поради „разбирливата недоверба“ во системот.
Инаку, фронтменот на Оффспринг, Декстер Холанд, има докторат по молекуларна биологија на Универзитетот на Јужна Калифорнија.