"Во Северна кореја беше лудо, ама овде е уште полудо," вели Јеонми Парк која со нејзината мајка избегала во Кина преку замрзната река Јалу во 2007 година, кога имала само 13 години.
Од таму биле продадени од некои трговци со бело робје но биле спасени од христијански мисионери кои им помогнале да избегаат во Монголија.
Пешачејќи преку бруталната пустина Гоби, успеале да најдат трајно засолниште во Јужна Кореја каде Парк продолжила со школување за во 2016 година да се префрли на американскиот универзитет Колумбија.
Уште не може да се начуди со каква леснотија и безсвест, млади луѓе чие школување на тој универзитет чини 500.000 долари, везден докажуваат колку се опресирани. Вели дека очекувала на Колумбија да биде научена да размислува критички а не онака како што се очекува од неа да размислува.
Нејзините колеги и колешки имале „“ишју“ со самото име на предметот историја, тврдејќи дека е тоа колонијалистички фалсификат.
„Генерално, за сè е виновен белиот човек и неговиот супрематизам,“ објаснува студентката која мислела дека само во Северна Кореја мразат Американци затоа што така биле учени од мали нозе, но дека денес во САД има веројатно повеќе луѓе кои не ја поднесуваат својата земја.
Парк има проблеми и со личните заменки во таа родово флуидна средина пе честопати несакајќи навредува од колегите и колешките некого затоа што не може да запамти кој што бил (последно).