Наместо вакцинирани, илјадници Германци биле саламурени

Медицинска сестра од северна Германија измамила илјадници луѓе кои верувале дека примаат вакцина против ковид, а всушност добивале само обичен солен раствор. Можно е да се работи за преку 8.000 луѓе.

Неименувана медицинска сестра од Црвен крст која работела на еден вакцинален пункт во Фрисланд е осомничена дека на илјадници луѓе им дала солен раствор наместо вакцина.

„Можно е 8.600 луѓе да добиле солен раствор наместо вакцина,“ призна администраторот на областа кој рече дека е шокиран од инцидентот и дека ќе се направи сè за засегнатите да бидат вистински имунизирани.

Вакциналниот центар Рофхаузен сега ги контактира луѓето кои добиле лажни вакцини преку телефон и меил а мотивите на сестрата засега се непознати. Таа била задолжена за подготовка на вакцините и инјекциите па затоа можела да изведе толку масовна операција.

Солениот раствор, инаку, не е опасен по здравјето на луѓето, ама па, нема чип.

12 август 2021 - 17:15