Во филмот се зборува за неуспешен обид за генетски ре-инженеринг на сипаници со цел да се излечи ракот. Ова убива 99% од популацијата на светот, а тие што ќе ја преживеат болеста мутираат во зомбија.
Сценариото на речиси 15 години стариот филм одлично легна на анти-ваксерските тврдења за судбината што ги чека сите што ќе се вакцинираат против ковид-19.
Вака составениот заговор доволно се рашири за веста да стигне до Њујорк тајмс, а потоа и самиот сценарист на филмот јавно да објаснува дека филмот е фантазија.
„Боже мој. Филм е. Јас го измислив. Не е реален,“ пишува сценаристот Акива Голдсман.
Уште претходно Голдсман има објаснето дека сценариото се базира на истоимена книга од Ричард Матесон, објавена во 1954, која исто така не е сведоштво за опасноста од вакцинирање од ковид-19.