Русите имаат уште еден лаптоп од Хантер Бајден

Руски дилери на дрога украле уште еден лаптоп од синот на американскиот претседател дур тој бил на раб од предозирање во соба во Лас Вегас во 2018, тврди синот на американскиот претседател.

Хантер ова и го кажува на проститутка во јануари 2019 по снимањето на секс видео со неа, за кое дознаваме само откако Дејли меил стигнува до клипот. Наводно Хантер ја заборава вклучена камерата откако завршуваат со сексот и продолжува да зборува и раскажува.

Доколку е точно, ова ќе биде трет лаптоп што Хантер го губи. Првиот беше најден во сервис за компјутери во Делавер и му беше предаден на Њујорк пост, по што протекоа негови лични фотографии како се дрогира и службени документи кои му ја искомликуваа приказната на Џо Бајден дека не се мешал во Украина.

Вториот лаптоп на време беше откриен и прибран од американско ДЕА, кога тие упаѓаат во канцеларијата на пријателот на Хантер, психијатарот Кит Аблоу.

Додека третиот според сведоштвото на Хантер, му го снемува по една журка летото 2018 кога за малку ќе се предозирал.

„Сам влегов во џакузито кое се наоѓа на самата ивица на најгорниот спрат, целото во стакло, неверојатно.

Седам таму и тоа е последно нешто што го паметам. Никогаш не се онесвестувам, никогаш,“ објаснувал Хантер.

Тој се буди подоцна во текот на вечерта и ги брка сите гости дојдени на забава во апартманот, за дури следниот ден да сфати дека му го нема компјутерот.

Кај овој компјутер грижата на Бајден е дека имал клипови што се снимал како прави „луди секс работи“.

Во разговорот со проститутката на Хантер малку му паѓа криво што некој друг ќе заработи пари (милиони) од негово порно.

На ова советот од девојката е:

„Мислам дека треба прв да реагираш. Мислам дека ти сам треба да си ги објавиш твоите клипови“.

  Освен клиповите, Хантер не споменува дали има какви било доверливи документи или какви било други содржини на третиот лаптоп што го губи.

12 август 2021 - 13:57