
Проблемот е што кари се користи за разнолики индиски јадења, и „е популаризиран од белци кои не можат да се потрудат да ги научат вистинските имиња на нашите јадења“.
„Кари“ по потекло е тамилски збор и во различни делови од Индија има различно значење од „запечено“ до „гарнир“. Кога Британците доаѓаат во Индија тие почнуваа масовно да го користат терминот за најразлична тамошна храна, по што и локалците го преземаат со слично значење.
За професорката по религија од Универзитетот во Вермонт, Илсе Моргенстин Фурест, „кари“ не треба да се користи како генерички поим бидејќи тој е „еден од зборовите кои се должат на ’лошиот слух на Британците“ и е главно неточен и „вкоренет во бела, христијанска надмоќ“.
Бидејќи реално во Инидја постојат јадења што се кари, повикот не е за целосно укинување на зборот, туку тој да се остави во употреба само за вистинското „кари“.