- Се проценува дека во околу 47.000 академски списанија во светот, годишно се објавуваат приближно 3,5 милиони трудови.
- Откако ЧетГПТ и другите големи јазични модели станаа дел од секојдневието, научните магазини и нивните редакции се преплавени од трудови честопати целосно напишани од вештачка интелигенција.
- Професор по психологија била замолен да рецензира некој труд и меѓу цитираните рефренци видел и „негов“ труд кој никогаш не го напишал.
- Ваквите трудови се пријавуваат сосе „халуцинациите“ што знаат да ѝ се случат на ВИ.
- Вештачката интелигенција лесно може да напише лажен научен труд, да измисли референци и да генерира лажни слики, каква што беше илустрацијата во еден подоцна повлечен труд, на глушец со урнебесно несразмерни тестиси.
- Цените на природниот гас во Европа во средата се искачија на највисокото ниво од 2022 година, надминувајќи 100 евра за мегават-час.
- Скокот на цените на гасот е одраз на загриженоста дека Трамп би можел да започне нов бран напади врз Иран по изборите следната недела, што носи ризик од одмазда од страна на Техеран насочена кон енергетската инфраструктура во Заливот.
- Сегашните цени сепак се далеку под историскиот рекорд од енергетската криза во 2022 година кога во март достигнаа 345 евра за мегават-час.
- Вашингтон ги притиска Москва и Киев да склучат „енергетско примирје“, кое би овозможило обновување на продажбата на руски гас на Европа преку гасовод низ Украина.
- Продажбата би се одвивала преку американски посредник, за да се заобиколат санкциите од ЕУ за Русија.
- Според извори на Волстрит журнал запознаени со планот, Европа би добила гас што го нема доволно во резервите спроти зимата, Русија би добила пристап на европскиот пазар, Украина би добила приходи од транзит низ цевководите, а американски инвеститори можност за профит како посредници.
- Средствата заработени од продажбата на гас, Русија би ги уплаќала на посебна сметка во трета земја, за да не може да ги користи тие пари за финансирање на војната.
- Според сегашната регулатива на ЕУ, набавката на руски природен гас мора постепено да се укине до крајот на 2027 година. Европски лидери тврдат дека немаат интерес повторно да станат зависни од енергија од земја што ја сметаат за своја главна стратешка закана.
- Украина, пак, продолжи да ги напаѓа руските рафинерии, наспроти барањето од Трамп да ги запре. Зеленски изјави дека нападите ќе запрат кога САД ќе му обезбедат на Киев пресретнувачки ракети за системот Патриот.