- ЕУ го отвора внатрешниот пазар за возачи на камиони кои не се од Европа. Се очекува да бидат регрутирани главно од Египет, Бангладеш, Пакистан, Мароко, Тунис и Кенија.
- Европската комисија планира да ги поедностави процедурите и да воспостави заеднички правила за заштита на возачите од злоупотреба за да обезбеди фер услови за работа за возачите кои не се од Европа. Досега, регрутирањето возачи надвор од Унијата беше домен на приватни компании и поединечни земји-членки.
- ЕУ бирократијата која уште не може/не сака да најде решение за професионалните шофери од Македонија и Балканот, проценила дека само преку горенаведните мерки Европа реално може да пополни околу 500.000 слободни работни места во транспортниот сектор на ЕУ.
- Пилот проектите за возачите од белиот (црниот) свет ќе започнат во втората половина на 2026 година, пренесува Вишеград24.
- Италијанската полиција ги пронашла двајцата малолетници кои украле минибус од депо во местото Ровиго и го возеле осум километри пред да изгубат контрола и да излетаат во канал.
- Нема информации дали биле повредени.
- Пред да го грабнат автобусот, искршиле стакла и ретровизори на десетина паркирани возила во депото.
- Истражителите се убедени дека малолетниците се обидувале да имитираат ситуации од видео-играта „GTA 6“, која беше објавена истиот ден.
- Кремљ ги отфрла сите обиди на Западот да ѝ гарантира безбедносни гаранции на Украина според моделот за колективна одбрана на НАТО.
- „Самата идеја за некаква формула за ‘квази-членство‘ на Украина во НАТО, како и потрагата по ’креативно решение‘ во таа сфера, е опција што за нас е неприфатлива. Кога зборуваме за безбедносни гаранции, пред сè мислиме на обезбедување на сигурноста на нашата сопствена земја“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.
- Францускиот претседател Емануел Макрон, по самитот во Берлин, изјави дека „повторно треба да се отвори“ прашањето за членството на Украина во НАТО.
- Американскиот мировен преговарач Џаред Кушнер изјави дека заедно со Стив Виткоф успеале да ги убедат Русите да го прифатат концептот за безбедносни гаранции за Украина врз основа на Членот 5 од Алијансата, кој налага колективна реакција ако е нападната некоја членка.
- „Нека ја сфатат неотповикливата природа на нашето барање оваа држава да не пристапува кон НАТО. Кога тоа ќе се случи, сметам дека ќе може да се разговара за безбедносните гаранции, на еден или на друг начин“, додаде Рјабков.
- Тој исто така потврди дека се прават подготовки за можна посета на претставници од Британија, Германија и Франција, кои претседателот Путин ги покани во Москва да разговараат за форматот на идните преговори за безбедноста во Европа и за крајот на војната во Украина.