ЕУ ќе проверува нови можни нус-појави на Фајзер и Модерна вакцините

Три нови состојби кои се пријавени од мал број луѓе што ги имаат примено вакцините на Фајзер и Модерна ќе бидат истражувани од ЕМА за да се утврди дали се можни нус-појави од вакцинирањето.

Се работи за воспаление на бубрезите, реакција на кожата и нарушување на работата на бубрезите кое се карактеризира со обемно губење на протеин преку уринирање.

Испитувањето ќе биде спроведено од комитетот за безбедност на Европската агенција за лекови, а Фајзер и Модерна се уште немаат дадено коментар на темата.

ЕМА не даде дополнителни детали за колкав број на случаи станува збор, ниту вкупно, ниту одделно по заболување.

Тие не препорачаа никакво менување на препораките околу вакцините и објаснија дека новите процени се дел од редовни апдејти околу безбедноста на сите одобрени вакцини.

До сега во ЕУ дадени се 330 милиони дози Фајзер и 43,5 милиони дози од вакцината на Модерна.

Минатиот месец ЕМА најде можен линк меѓу многу ретко срцево нарушување и иРНК вакцините, меѓутоа и ЕМА и СЗО нагласија дека користа од овие вакцини е далеку поголема од ризикот.

По објавата на новите тестирања, акциите на Модерна паднаа за 16%, на Бионтек за 14,4, а на Фајзер за речиси 4.

12 август 2021 - 13:16