Петер Бан Ембарек во документарецот „The Virus Mystery“ објавен на данската телевизија, изјавува дека кинеските колеги влијаеле на заклучоците од истрагата, односно се спротивставувале на какво било поврзувае на работата на лабораторијата во Вухан со потеклото на панедмијата.
„На почеток тие не сакаа во извештајот воопшто да се спомене што било околу лабораторијата, бидејќи беше невозможно, па немаше потреба да се троши време на тоа.
Меѓутоа ние инстистиравме да биде вклучено затоа што е дел од прашањет за тоа од каде потекнува вирусот,“ изјавил Бен Ембарек.
На крај решението е протекувањето на вирусот од лабораторија да се спомне во крајниот извештај од истрагата, меѓутоа таа веројатност да се оцени како „крајно неверојатна“ и дека нема потреба од дополнителна истрага во тој правец.
Дискусијата дали во извештајот да се вклучи теоријата за протекување на вирусот од лабораторијата во Вухан, траела до 48 часа пред заклучување на извештајот. Согласноста на кинескиот дел од тимот е добиена само откако им било ветено дека во извештајот ќе се стави дека не се препорачува понатамошна истрага „на оваа хипотеза“.
Данскиот научник објаснува дека сценарио во кое научник кој го носи вирусот од Вухан по собирање примероци на терен, ја опфаќа и теоријата за протекување на вирусот од лабораторија и хипотезата за директно заразување од лилјак.
Во дополнителни коментари, Бен Ембарек наведува дека пандемијата поже да се должи на „човечка грешка“ меѓутоа кинескиот политички систем не им дозволува на властите да го признаат тоа.
„Ова веројатно значи дека зад настанот има човечка грешка, и тие не се волни да го признаат тоа. Целиот систем многу се фокусира на тоа да биде непогрешив, и сè мора да биде перфектно. Некој исто така може да посака и да крие нешто. Кој знае?,“ изјавил Бен Ембарек.
Кога Вашингтон пост бара коментар од Бен Ембарек околу документарецот, тој одговара дека неговото интервју на дански било погрешно преведено од медиумите на англиски јазик. На сличен став е и СЗО.
Претходно, директорот на СЗО, изјави дека сценариото за протекување на вирусот треба подетално да се истражи.