Вести

Чудо во Германија:

Црквите губат верници, но добиваат повеќе пари

Стотици илјади верници секоја година ги напуштаат католичките и протестантските цркви во Германија, но црквите сепак добиваат повеќе пари од задолжителните даноци. Зголемувањето на просечните плати и прогресивниот даночен систем значат дека намалениот број регистрирани верници секоја година издвојуваат повеќе пари за црквата.

Неписмените работници во САД заработуваат како просечните во Британија

Иако младите Британци се квалитетно образувани, тоа не им е гаранција дека на пазарот на труд лесно ќе најдат работа и ќе добијат плата соодветна за знаењата и вештините што ги стекнале. Економската стагнација ги пренасочува кон работни места за кои се преквалификувани и им ги зголемува фрустрациите поради тоа што заработуваат помалку од неписмени работници од САД.

Никој во ЕУ не знае кој ќе го плати заемот од 90 милијарди за Украина

Првите транши од заемот на Европската Унија за Украина во вредност од 90 милијарди евра почнаа да се исплаќаат од јуни. Иако некои земји-членки се изземени од финансиските обврски поврзани со заемот, се поставува прашањето: кој на крајот ќе го сноси товарот? Очигледно, ниту самата Европска комисија не го знае одговорот.

Речник

Го извлекле Трамп од „Ер форс 1“ во камионче за храна?

Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со воен авион, а не со претседателскиот „Ер форс 1“, во кој патувале неговата придружба и новинарите. Таква тајна операција за заштита на претседателот на САД била спроведена само неколку пати досега. Причината биле сериозните закани за атентат врз Трамп од страна на Иран, тврдат извори на „Вашингтон пост“.

Зошто САД постојано губат војни?

Иако САД со децении се убедливо најмоќната земја во светот, со воен буџет капацитети без конкуренција, но сепак имаат долгогодишно искуство на порази во погрешни војни за погрешни цели. Ова ја вклучува и војната со Иран, во која сè уште не е постигната ниту една од наведените цели и која веројатно ќе заврши така што ќе ја засили стратешка позиција на непријателот.

„Новата ИРА“ на сила ќе ги протерува мигрантите од Ирска

Екстремистичката група Нова ИРА планира да ја прошири кампањата на насилства со прогон на мигрантите од целиот остров. Ситуацијата во Северна Ирска врие од јуни, кога 30-годишен азилант од Судан крвнички го нападна студентот Стивен О'Гилви и се обиде да му ја отсече главата. „Доаѓа време за граѓанска војна“, предупредил екстремист на социјалните платформи. 

Колку ќе биде тежок крахот на пазарот на недвижности?

Од најдолната точка 2008, кога се случува хипотекарната криза во САД а потоа и во остатокот од светот, денес пазарите за недвижности низ светот или имаат достигнато рекордно ниво на вредност или се близу претходните рекорди. И тоа ќе се заврши со крах.

Ни Русија ни Кина не е непријателот

„Сите врескаат за тоа колку лош човек е Путин заради инвазијата на Украина а САД моментално држи под окупација една третина од Сирија. И, која третина е тоа? Онаа каде што е нафтата“, рафално му истрела политичкиот коментатор Џими Дор на Такер Карлсон кој ретко го гледаме вака замолчен.

Како идеолозите се инфилтрираа во американската уметност

Она што кај нас се вика рамковни квоти и „балансер“, во САД е диверзитетот и инклузивноста. Не само што се инсистира на одредена боја на кожа, туку мора и јавно да се демонстрира приврзаност кон догмата. Многу уметници сведочат за оваа атмосфера, само што во својата слободарска Америка, се плашат да си го кажат името.

Човекот што ја најави руската инвазија, сега најавува дека Крим ќе биде ослободен

Уште пред првиот руски војник да стапне во Украина, првиот човек на украинското разузнавање, генерал-мајор Кирило Буданов, јавно алармираше за претстојната руска инвазија и намерата да се освои Киев, и за малку кариерата ќе му завршеше тука ако за неколку часови не започнеше руската специјална операција.

Орбан не верува ни во Украина, ни во западната помош за Украина

Најголемиот пораз што Русија успеа да и го нанесе на Украина е да ја претвори во територија со која не може да се владее, смета унгарскиот премиер, според кого Западот е веќе во војна со Русија.

Првиот пораз на кралот Чарлс

Откако се воведоа модерните полимерни банкноти, на најчесто употребуваната австралиска банкнота од 5 долари, стоеше ликот на британската кралица Елизабета. Таа почина и време е да се смени дизајнот на банкнотата. Ама, не со Чарлс. 

Сѐ што е гага има крај

До март минатата година вработените на Мета во Њујорк, освен платата добиваа и гага храна со можност и за дома да си пакуваат, гага превоз до врата, па дури и гага перење алишта. Во март работите почнаа да изгледаат како некој да го прегледал цехот за сето ова.

Ако овој добие, има надеж за многумина

Решил да ја тужи „жената на својот живот“ откако таа му рекла дека го гледа само како пријател. Значи, корпа. Со ваквото нејзино гледање на работите, му нанела траума и депресија. Плус, туку по некое време таа ги отфикарила сите контакти со него. И како да не ја тужи и да ѝ бара 3 милиони долари?

Доналд Трамп за изборот меѓу Путин и „битангите“ од американското разузнавање

Навраќајќи се на сопствените недоразбирања со разузнавачките структури во САД, Трамп не пропушти да му спомне на ФБИ дека агентот што требаше да ги открие руските врски на Трамп, е уапсен заради врски со Русија.

Франциско: Престанете економски да ја давите Африка

Поглаварот на римокатоличката црква отиде во Демократска Република Конго, што е прва папска посета уште од 1985 година. „Африка не е рудник кој треба да биде цицан“, порача Франциско, оценувајќи дека економскиот колонијализам е подеднакво поробувачки како оној претходниот.

Европа не дозволува промена на извод од матично

Европскиот суд за човекови права отфрли тужба против Франција, поднесена од нејзин граѓанин кој барал промена во изводот од матичната книга на родени. Пензионер е, има 72 години, и решил дека е крајно време во крштеницата да не му пишува дека е машко.

Луковиќу, среќен роденден!

Петар Луковиќ (Џубокс, Ферал, Е-новине, XXZ...) долго време бие битка со карцином и досега има минато преку 20 хемотерапии. Еден од главните сојузници му е музиката па за својот роденден составил топ-листа на песни од пејачки кои го одржувале во ментална рамнотежа додека поминувал низ тешките моменти. Држ се, маестро.

И Шеврон сака зелено: долари

Додека повеќето најсигурни американски компании од типот на Кока-Кола, Пепси, Проктер, Најк... пријавуваа намалени профити, нафташите Шеврон пливаат во пари. Немоќна да се меша во корпоративните одлуки, Белата куќа само изрази незадоволство каде ги фукнаа парите од огромниот профит.

Западот влегува премногу длабоко во Украина

Јуришот да се порази Владимир Путин добива сопствен опасен и безглав залет, исто како што беше во Ирак, пишува писателот и политиколог Панкаџ Мишра во колумна за Блумберг.

Како Бајден ги извади Леопардите од германските касарни

Од испраќањето на западни тенкови во Украина зависи спречувањето на руската пролетна офанзива и зачувувањето на западната алијанса против Русија, а клуч за западните тенкови да тргнат кон Украина е САД да испрати Абрамси.

Да, вирусот ќе да е од лабораторија

Автори на два извештаја за Обединетите наци за потеклото на пандемијата напишаа дека истекување од лабораторија е најверојатна причина за нашата средба со ковидот. И не само тоа. Ги обвинија научниците од САД и Британија дека ѝ помогнале на Кина да ја задуши дебатата по ова прашање.

Зеленски бара забрана на руски спортисти на Олимпијада

Додуша, ич не му беше ќеиф кога на 100 метри (и уште во три дисциплини) победи црниот Џеси Овенс, но дури и Хитлер дозволи на Олимпијадата во Берлин 1936 да учествуваат оние кои ги сметаше за нижи раси. Зеленски пак, не сака ни да види Руси на Олимписките игри во Франција. 

Климатскиот активизам мириса на култ

Една од најпознатите лица на англискиот климатски активизам, сведочи како во тие организации им се перат мозоците на членовите, наведувајќи ги на секакви глупости „за да ја спасат планетата Земја.“ Некои од младите се толку убедени дека нè чека апокалипса што се сигурни дека нема да доживеат ни 30 години. Кутри.

#НаТочак #ПодВода

Додека ние со децении не успеваме да ги решиме стратешките проблеми на Скопје, на пример тоа што имаме премалку канти за отпад а премногу улични кучиња, Холанѓаните изградија подводна гаража со 7.000 паркинг места. Ниедно за автомобил. 

Кој за што, Полјаци за растурање на Руската федерација

Растурањето на Руската федерација е далеку помалку опасно отколку таа да биде оставена да биде владеена од криминалци, порачува полската европарламентарка и поранешна министерка за надворешни работи, Ана Фотига.

Шведска спречила палење на Тората пред израелската амбасада

Со помош на сериозен ангажман на високи израелски и шведски функционери викендов е спречен протест пред израелската амбасада во земјата на кој било планирано палење на светата книга на Евреите, Тората. Во истата Шведска пред некој ден беше запален Куранот и тоа беше брането по основа на слобода на говорот.

Има работа, на кој му се спие

Постојат различни начини да се заработат 1.000 долари, и за секој од нив потребни се различни вештини. За ова што го нудат истражувачи од Америка, доволни се само две карактеристики: да ви се спие и да ви се јаде кашкавал. 

За бугарските споменици на нацистичкиот колаборационист

Надвор од црквата Света Софија се наоѓа споменик на цар Борис III (1894–1943), со благодарност за спасувањето на бугарските Евреи. "Тоа е зачудувачки пример за историски ревизионизам со оглед на тоа што владата на Борис  испрати над 11.300 Евреи во смрт“, пишува деновиве независниот еврејски магазин Форвард.

За Базфид ќе пишува вештачка интелигенција

Базфид решија да користат вештачка интелигенција за создавање медиумски содржини откако ГПТ добро се покажал кога му дале задача да напише нешто „во нивен стил“. Кога дел од македонските портали би побарале од ботот да напише нешто „во нивен стил“, овој веројатно би ги потпрашал „Да направам копи/пејст од некое друго место?“