Тие ги потврдуваат сомнежите дека во Вухан се спроведувале високоризични експерименти обвиени со тајност и судир на интереси и дека тоа не било спроведувано само од Кина туку и од западни тела за финансирање и влијателни научници од Запад.
„Јасно ми е дека говорењето отворено на оваа тема е непопуларно и дека дури и ќе ми ги скрати деловните опции, меѓутоа размерот на пандемијата е далеку поважен од кое било лично прашање,“ вели еден од нив, епидемиологот Колин Батлер од Канбера.
Тој смета дека сега најважно прашање е како да се врати довербата во науката. Притоа, оценува дека експериментите од типот „ај да видиме колку нешто може да биде смртоносно“ може да се израмнат со опасностите кои ги носи нуклеарното оружје.
Занимливо е што самиот професор Батлер бил скептик околу теоријата дека вирусот е излезен од лабораторија, сè додека посериозно не се позанимавал со темата.