Кралот Чарлс Трети нема да се најде на австралиската банкнота од 5 долари, на која досега се наоѓаше ликот на долговечната кралица Елизабета Втора.
Властите и централната банка решија новата банкнота да биде дизајнирана во дух што ќе ја отсликува автентичната култура и историја на Австралија.
„Веќе не може да се оправда наместо наши домашни лица и знаменитости, на банкнота да имаме крал кој не сме го бирале“, изјави Крег Фостер, првиот човек на австралиското републиканско движење.
Абориџинските политичари и предводниците на домородните заедници ја поздравија одлуката и сметаат дека претставува голема победа во борбата за деколонизација на Австралија.
Смртта на Елизабета Втора во септември ја разгоре дебатата околу тоа дали Австралија треба да остане уставна монархија.
Австралијанците одржаа референдум за тоа дали државата треба да стане република во 1999-та, кој беше неуспешен, а до крајот на годината се очекува нов референдум со кој домородците би требало да влезат во уставот.