Ние сме оние што ја провоциравме војната, како што ја провоциравмее онаа во Украина, сега провоцираме војна со Кина.
Кој има ќар од тоа? Веднаш ќе ви кажам. Непријателот не е Русија, не е Кина, непријателот е воено-индустрискиот комплекс што ја цица оваа земја со стотоци милијарди и трилиони долари.
Воената машина не може да биде сопрена. Кој владее со оваа земја? Воената машина. Сигурно не е Џо Бајден оној што ги носи овие одлуки. Би сакал да знам кој ги носи овие одлуки и би сакал да ги потсетам сите дека САД се светскиот терорист.
Го палевме Блискиот Исток во последните 20 години, а сега водиме прокси-војна во Украина, што ние ја предизвикавме, НАТО ја предизвика, и за која само што признавме дека сме ја провоцирале преку поранешната германска премиерка.
Уште еднаш, Кина нема да нè нападне, Кина не е наш непријател, ние можеби со неа сме во економска војна и токму за тоа се работи. Ова се економски војни. Во Украина се работи за течниот природен гас и осигурувањето дека Германија и Русија никогаш нема да се спојат, затоа што се плашиме да се здружат руските природни и човечки ресурси и германската технологија и капитал.
Затоа го уништивме гасоводот Северен тек, затоа ја водиме војната во Украина, сето ова е заради хегемонија, империјализам и економија. И ако некаде имаме маринци, тоа е затоа што сакаме да украдеме природни ресурси од друга земја.
Сите врескаат за тоа колку лош човек е Путин заради инвазијата на Украина а САД моментално држи под окупација една третина од Сирија. И, која третина е тоа? Тоа е третината каде што е нафтата. Од каде знам дека сме таму за да им ја земеме нафтата? Претседателот на САД самиот рече така.