
Папата Франциско побара да се стави крај на она што го нарекува „економски колонијализам“.
„Престанете да ја гушите Африка: Тоа не е рудник што треба да се исцрпува или терен што треба да се ограби“, рече католичкиот понтиф на општо одобрување на насобраните верници пред претседателската палата во главниот град на земјата, Киншаса.
Поглаварот на римокатоличката црква рече дека политичката експлоатација ѝ отстапила место на економската експлоатација која е подеднакво поробувачка.
Упати и апел за мир во источна Демократска Република Конго, осудувајќи го „отровот на алчноста“ околу минералните ресурси кои се суштина на тамошниот конфликт.
„Трагедија е што овие земји, и генерално целиот африкански континент, продолжуваат да трпат различни форми на експлоатација“, рече тој.
Очајно сиромашната и од војна опустошена ДРК има шеста по големина католичка популација на целата планета- над 40% од нејзините, речиси 100 милиони луѓе.