Орбан верува дека е поминато времето кога Русија можеше да ја освои Украина и таму да постави своја власт, што беше изводливо само во првите недели од војната и со многу брза победа, сега нема надеж за тоа.
Затоа сега целта на Русија е да ја уништи Украина како држава за Западот да не може да ја присвои како награда. „Тоа сега е Авганистан,“ изјавил Орбан, според кого Путин нема да изгуби и времето е на страна на Русија, додека Украина е станата „ничија земја“.
Ставот на Орбан е дека Западот мора да разбере дека „Путин не може да си дозволи да изгуби, и нема да изгуби, бидејќи тој има избори следната година, а не може пак да се кандидира како претседател што изгубил војна,“ а уште помалку да дозволи НАТО присуство во земјата.
Според него најстрашниот исход од успешна руска пролетна офанзива е дека НАТО ќе треба конечно да одговори на прашањето дали ќе испрати војници за да се борат во Украина, „нешто што Орбан смета дека американскиот народ не го размислува, меѓутоа е во мислите на се повеќе Европејци“.
„Ако гледаш како се движеше целата работа и како стигнавме до оваа точка, тоа не може да биде отпишано.
Западот е во војна со Русија. Тоа е реалноста. Секој ден се подлабоко навлегуваме,“ изјавил Орбан.
Како човек кој од почеток е против западното мешање во војната, Орбан смета дека голем број западњаци „се залажуваат себе си што точно се случува и што може да се случи.“
Сегашните порази на руската армија на фронтот тој ги толкува од историска перспектива, дека Русите секогаш така ги терале војните.
„Тие почнуваат лошо, но по некое време, ќе сфатат како стојат работите, и после е тешко да се запрат. Тој очекува дека и овој пат ќе биде истиот случај,“ пренесува Род Дрехер од Американ конзерватив, дел од разговорот со Орбан.
Околу можноста за пуч во Москва, Орбан порачал дека исходот ќе биде појавување на уште поагресивен руски лидер од Путин, а никако некој поразбран.