Вредноста на акциите на Шеврон минатата година порасна за повеќе од двојно. Не дека повлекоа некој маестрален потег туку едноставно ја искористија ситуацијата во која понудата е намалена а побарувачката зголемена.
А на второво, огромна американската фирма како што е таа може и да влијае.
Елем, кога компанија е профитабилна, постојат многу опции што да се прави со ќарот. Може да се реинвестира во бизнисот, да се модернизира опремата или да се вработат уште луѓе. За компании во САД постои и друга опција, таканаречениот 'buyback', кога компанијата го користи профитот за да купува свои акции од отворениот пазар.
Тоа е сè почеста но и контроверзна пракса (до 1982 година беше зџабранета). Од една страна, тоа е лесен начин да им сигнализираш на акционерите доверба во компанијата, но истовремено, со тоа вештачки се дига вредноста на акциите бидејќи се симулира лажно зголемување на побарувачката. Ваков потег е еден од омилените на менаџерите чии бонуси се врзани со акциите.
Белата куќа и луѓе од Конгресот се надеваа дека екстра кешот Шеврон ќе го искористи за зголемување на производствените капацитети за да се намали цената на горивата и сè поголемата нервоза кај возачите.
Радујте се.
Наместо тоа, Шеврон реши да одвои неверојатни 75 милијарди долари за да купува сопствени акции (знаете ли колку годишни буџети на Македонија се тоа?).
„За компанија која до неодамна тврдеше дека мака мачи да го зголеми производството на нафта, давање 75 милијарди долари на извршните директори и богатите акционери е чуден начин да се покаже тоа,“ се пожали портпаролот на Белата куќа, Абдула Хасан.
Бајбек пакетот на Шеврон е толку голем што, според Блумберг, со тие пари можело да се финансира 4 годишно вадење нафта.