Истражувачки тим сака да го провери митот дека јадењето сирење и кашкавал предизвикува кошмари. Им требаат кандидати што ќе се нафатат три месеци да запишуваат како спиеле, што сонувале и дали имале кошмари, откако јаделе од сирењето што би го добиле гратис.
Кандидатите би добиле и по 1.000 долари за учеството.
Иницијативата ја потегнале Sleep Junkie, кои со истражувањето сакаат да се надоврзат на неодамнешни истражувања кои покажуваат дека триптофанот (што го има во млечните производи) пред спиење не само што не штети на сонот туку можеби и го продолжува, особено во комбинација со вежбање.
Избраните ќе добијат листа на различни сирења што ќе треба да ги јадат по точно утврден распоред, меѓу нив ќе има и вегански и сирења без лактоза.
Условите што треба да ги исполнуваат потенцијалните учесници се да спијат сами и да имаат постојана рутина на легнување и станување.