Трамп потсети на средбата со Путин во Хелсинки во јули 2018, по која од еден новинар беше запрашан дали повеќе му верува на рускиот претседател или на „нашите 'разузнавачки' битанги“, во врска со наводното руско мешање во американските избори 2016. Путин тогаш тврдеше дека Русија не се мешала, американската разузнавачка заедница беше на став дека Русија се мешала. На крај излезе дека Путин бил во право.
„Се сеќавате на Хелсинки кога треторазреден новинар ме праша, во основа, на кого му верувам повеќе, на рускиот претседател Путин, или на нашите 'разузнавачки' битанги?
Тогаш мојот инстинкт беше дека имаме многу лоши луѓе како Џејмс Коми, Мекејб (чија сопруга и помогна на расипаната Хилари додека расипаната беше под истрага), Бренан, Питер Стрзок (чија сопруга е во Комисијата за хартии од вредност) и неговата љубовница Лиса Пејџ.
Сега додадете го Мекгониал и другите на оваа листа на гнаси. Кого ќе го изберете, Путин или нив?“ напиша Трамп во пост на социјалната мрежа Трут.
По средбата со Путин во Хелсинки, Трамп беше жестоко осудуван од разузнавачите и политичарите, дека се сретнал со еден од најголемите американски противници и дека нему му верувал повеќе отколку на домашните експерти.
Периодов Трамп во повеќе наврати повтори дека руската инвазија на Украина никогаш не би се случила ако тој се уште беше претседател, и дека тој би можел да стави крај на војната за 24 часа кога би бил на власт.
Трамп е единствениот американски претседател во последниве децении што нема започнато ниту една војна дур беше на власт.