Акциите на медиумската компанија Базфид скокнаа за убави 200% брзо откако соопштија дека планираат да користат вештачка интелигенција во создавање нови медиумски содржини.
На овој потег се решија после долгогодишни проблеми во работењето и масовни отпуштања, иако сето време се обидуваат да ѝ угодат на публиката со сè поглупи и побанални содржини во кои доминираат квисчиња и листи од типот „Седум најдобри...“, „10 најлоши....“
ГПТ го тестирале давајќи му задача да состави своја листа базирана на насловот „10 работи кои се подобри во други земји отколку во САД“. Дадената задача, „битието“ ја завршило беспрекорно.
Велат, вештачката интелигенција во моментов е во состојба за само 30 секунди да состави текст од жанрот романтична комедија, ако му се дадат само неколку параметри (љубовен триаголник и сл).
Задоволни се и Мета со кои Базфид се партнери и за милионски договор склучен лани, имаат задача да штанцаат „заразни“ содржини на кои масовно ќе губат време корисниците на Фејсбук и Инстаграм.
Ние, јеби га, остануваме аргати.