Вести

Мигрантите ја прекроија политичката карта на Германија

Неодамнешните регионални избори покажаа како миграцијата ја променила политичката карта на Германија. Натурализираните дојденци, кои годинава прв пат имаа право на глас, ги издвоија Берлин и Истокот во два посебни и спротивставени света. Тоа беше видливо и во кампањата, во која дури и социјалдемократите понудија манифест на четири странски јазици.

Патна карта на Римската Империја:

Сите патишта воделе до - Цариград

Многу од денешните сообраќајни артерии низ Европа се изградени врз патиштата изградени од Римјаните. Анализа на досега најтемелното дигитално мапирање на патната карта од пред 2.000 години покажува дека Рим всушност бил далеку од главниот коридор во античката сообраќајна мрежа. Многу поважни јазли биле Византион, Антиохија, Коринт и Анкира.

Трамп и Си ги спојува магнетна врска

Кинескиот претседател пристигна на самит во Белата куќа вооружен со моќно оружје – доминацијата во синџирот на производство на ретки минерали. САД не можат да најдат алтернатива за кинеските магнети, кои се клучни за воената индустрија, па Трамп е под притисок да прифаќа отстапки на другите отворени теми и да го продолжи трговското примирје со Пекинг.

Речник

Швеѓаните ќе прегласуваат поради изборна измама?

Истрага за измама може да го промени победникот на парламентарните избори во Шведска. Натурализиран сомалиски имигрант кој освоил пратеничко место како кандидат на левицата е осомничен дека им плаќал на гласачи и им делел ливчиња на кои веќе е заокружено неговото име. Ако биде потврдена измамата, Швеѓаните првпат во историјата ќе мораат да прегласуваат.

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Милијарди долари западен профит заробени во Русија

Западните компании кои продолжија да работат во Русија и по почетокот на војната до сега имаат генерирано милијарди долари профит, но не и начин како да ги повлечат парите во својата земја.

Си-ен-ен, рекордно лошо

Минатиот викенд водечките програми на Си-ен-ен ја имале најслабата гледаност меѓу клучната публика од кога се води евиденција, собирајќи нешто под 60.000 гледачи.

Зеленски ладно пречекан во Вашингтон

Не беше така одамна кога украинскиот претседател Зеленски во американскиот Конгрес беше дочекан со повеќеминутни овации од конгресмените од двете партии кои стоечки му аплаудираа. Сега тоа може да му личи на далечен сон. Сега се нема време за него, а за пари, ќе видиме.

Америка заборави да прави бродови за Арктикот

Откако Русите последнава деценија значително се разработија на Северниот пол, САД изгласаа програма од 13,3 милијарди долари за заштита на американските интереси на Арктикот. Парите ги има, ама програмата заглави на тоа што не знаат како да ги направат бродовите.

Како Мурдок утна за 700 милиони долари

Медиумскиот моќник сериозно ги потценил трошоците од судскиот спор против Фокс поради нивните медиумски обвинувања за штелување на машините за гласање. Мислел дека ќе платат 50 милиони. На крај платија отштета од 785 милиони.

Случајот Расел Бренд и глобалниот тоталитаризам

Јутјуб и ТикТок го скинаа Расел Бренд само заради медиумски обинувања против него, а не е ни обвинет, не па осуден. Ај тие, ама кој курац има британски парламент да го притиска Канаѓанецот од Рамбл, нашиот Крис Павловски, дали и зошто Расел Бренд уште може да прави пари преку таа платформа?

Зеленски веќе не е претседател... за руските медиуми

Кремљ им наложил на сите руски државни медиуми да престанат да го ословуваат Владимир Зеленски како „претседател“ на Украина, објавуваат руски опозициски медиуми.

Се ладат и најпроукраинските конгресмени

„Толку многу загинати за толку малку резултати,“ кратко ја прокоментира Илoн Маск фамозната контра-офанзива на Украина која требаше да го сврти курсот на војната. Тоа беше негов коментар на веста на Политико дека и во редовите на конгресното тело кое важи за најголем поборник за помош на Украина доаѓа до мислење дека војната не може да се добие и дека е време за преговори.

Право на глас за бегалци?

Германската министерска за внатрешни работи, Ненси Фесер, сака драстично да го прошири правото на гласање во земјата и тоа во иднина да ги опфаќа и бегалците кои повеќе од шест месеци живеат во Германија.

Руси на руско

Руската Дума едногласно се согласи дека во иднина народните претставници ќе возат само автомобили од руско производство додека се на работа или службено патуваат некаде.

Како Гармин ги преживеа технолошките гиганти?

Гармин, Дропбокс и уште неколку искусни фирми успеаја не само да опстанат туку и да пораснат иако во меѓувреме големите играчи директно им брцнаа во чинија со своите супериорни производи и сервиси за масовно користење. Го направија тоа со паметно ре-позиционирање. Се тргнаа малку од онаму каде што големите 'си ги мерат' и фатија да го собираат кајмакот од сегменти кои не беа покриени.

Американци умираат од комбинации со фентанил

Процентот на смртни случаи од предозирање од фентанил во комбинација со стимуланси како кокаин и метамфетамин се зголемил за неверојатни 50 пати помеѓу 2010 и 2021 година. Луѓе кои користат кокаин, често не се ни свесни дека се зависници од фентанил. Америка се наоѓа во четвртиот бран на опоидната криза.

Русија произведува 700% повеќе муниција од Западот

Досегашниот исход на западните санкции врз руската воена индустрија е дуплирање на производството на тенкови и дуплирање на производството на артилериска муниција, а руското производство на муниција е 7 пати поголемо од западното.

Хуавеи и Шаоми ќе работат заедно

Двата најголеми кинески брендови на мобилни телефони одлучија да ги прекинат сите спорови што ги имаат околу меѓусебното користење на патентите, и да си дозволат еден на друг слободно да ги користат патентите што им се потребни како би се пробиле во сегментот на премиум телефони.

Од Асанж до Бренд

Можеби многумина не се сеќаваат на ова. Џулијан Асанж ненадејно беше обвинет за силување, откако преку Викиликс почна да открива владина злоупотреба на моќ, измами и и корупцијата. Една жена рече била злоупотребена од него додека била „полузаспана“. Исто како Расел Бренд, корумпираните медиуми го осудија пред секое судско рочиште.

Француски ски-центри трајно затвораат заради немање снег

Скијачкиот центар Ла Самбуј во близина на Монт Блан одлучи да ги демонтира сите ски-лифтовите и целосно да престане со работа откако минатата сезона само 4 недели имаа снег и тоа минимално. Највисоката патека во центарот започнува од 1.850 метри.

Тешките лекции од летната офанзива

Напредокот што Украина го има деновиве не е ни од блиску напредокот кој беше очекуван да го има пред почетокот на контраофанзивата. Од една страна украинскиот успех на фронтот никако не е за потценување, од друга страна тој е крајно занемарлив во однос на западните предвидувања и очекувања.

Ново Нордиск: Допрва ќе ве слабееме

Иако неделата ја започнаа со мал пад, акциите на Ново Нордиск не го губат моментумот, добиен од глобалната популарност на нивните лекови за слабеење, Оземпик и Вегови. На берзите никој не се сомнева во иднината на компанијата која стана важна не само за нејзините акционери туку и за данската економија.

Илон Маск бара „судија“ за вештачка интелигенција

На средбата на врвот на Силициумската долина со врвот на американските власти едвај било договорено дека е неопходно регулирање на ВИ, но не и колку и како истото треба да биде изведено.

Кокаинот на пат да биде главен извоз на Колумбија

До 2022 главен извозен производ на Колумбија беше нафтата, од годинава на првото место се очекува да избие кокаинот засенувајќи го целиот останат легален извоз што излегува од земјата.

Ќе се откажете ли од миленичето заради климата?

Има доста простор за критики како денес се третираат домашните животни кои на разни начини се сè повеќе „наши“ отколку свои. Она кога им зборат ко на деца, кога им слават родендени, „денеска какавме зелено“ и слични глупости. Но, во еден текст во Гардијан се додава и една многу „ин“ загриженост: многу месо јаделе а тоа не е добро за климата.   

Му дојде редот и на Расел Бренд

Неколку британски медиуми го обвинија популарниот коментатор и актер за низа сексуални дела и агресии од времето на неговата најголема слава. Со оглед на тоа што Расел Бренд последниве години гради алтернативна платформа која им тера инает на меинстрим медиумите, тој се прашува дали има некоја поинаква агенда зад овој оркестриран медиумски напад. 

Богатиот север е климатски лицемер

20 земји од светот се прогласени за „уништувачи на планетата“ заради нивните проекти за проширување на капацитетите за вадење нафта и гас до 2050 година. Кај нив се 90% од таквите планови. А повеќе од половина од таквите проекти се само кај пет земји. Сите богати, сите од север. Со Америка на чело.

Орвел би ја пердашел денешната левица

Оние од нас кои сакаат да се вклучат во денешните суштински дебати, вклучително и со луѓе со кои не се согласуваме, сме протерани во она што буржоаската левица го нарекува „десничарски печат“. Тоа им овозможува да нè игнорираат. Овие левичари немаат потреба да зборуваат со поширока публика бидејќи, како што тие гледаат на работите, пошироката публика секогаш греши.