Од 20 милијарди долари профит од странски компании направени во Русија само во 2022, 18 милијарди отпаѓаат на компании од држави кои не се сметаат за пријателски. Овие пари се уште се блокирани и не можат да мрднат од Русија откако минатата година Москва воведе нови правила за компании од САД, Британија и ЕУ, со кои се предвидува специјална дозвола за повлекување на профитот. До сега се дадени само неколку такви дозволи.
Број еден западна компанија по заработувачка во Русија е австриска Рајфајзен која 2022 ја завршува со приходи од 2 милијарди долари. На второ и трето место по приходи се Филип Морис и Пепси со 775 односно 718 милиони долари. Пресметувано по држави, најголеми приходи во Русија имаат американските компании, со 4,9 милијарди долари за 2022. По нив се германските, австриските и швајцарските со 2,4 милијарди, 1,9 и 1 милијарда долари.
Фајненшл тајмс пишува дека за компанија со „непријателско“ потекло да го извади профитот од Русија е идентично комплицирано како и да го продаде бизнисот.