Француски ски-центри трајно затвораат заради немање снег

Скијачкиот центар Ла Самбуј во близина на Монт Блан одлучи да ги демонтира сите ски-лифтовите и целосно да престане со работа откако минатата сезона само 4 недели имаа снег и тоа минимално. Највисоката патека во центарот започнува од 1.850 метри.

„Претходно обично паѓаше снег речиси од први декември до 30-ти март. Минатата сезона имавме само четири седмици снег, а и тогаш не нешто многу. Тоа значи дека на патеките многу брзо се појавија камења и карпи,“ изјавил за Си-ен-ен, градоначалникот Жак Далекс.

Неговата процена е дека ако ски-ресортот работи само 5 недели во јануари и февруари, ќе има оперативна загуба од околу 500.000 евра. Само одржувањето на жичарата чини 80.000 евра годишно.

Ла Самбуј има само три лифта и неколку писти со максимална висина од 1.850 метри. Заради релативно ниските цени на ски-картите, центарот е популарен меѓу семејствата кои сакаат да скијаат на Алпите. Намерата на градскиот совет е сега да се претворат во центар за пешачење и планински активности.

Од 2001 низ Франција демонтирани се 22 скијачки жичари, а се проценува дека има уште околу 106 напуштени жичари на 59 локации во земјата.

Градоначалникот на Ла Самбуј смета дека „сите зимски спортски ресорти во Франција ќе бидат на удар на глобалното затоплување“ а посебно оние на висина од 1.000 до 1.500 метри.

19 септември 2023 - 10:40