Додека земји ширум светот се залагаат за обновлива енергија во новото „електрично доба“, некои од истите земји ги планираат и најголемите проекти за нафта и гас.
Само 20 земји се одговорни за речиси 90% од новите планови за екстракција на нафта и гас помеѓу 2023 и 2050 година, според новиот извештај на Oil Change International.
Анализата проценува дека проектите на тие земји, кои во извештајот ги нарекува „уништувачи на планети“, ќе кулминираат со 172,6 гигатони загадување со CO2 до 2050 година. Тоа е еквивалентно на животниот век на околу 1.082 централи на јаглен.
Истражувачите предупредуваат дека ако на нафтата и гасот им се дозволи да се прошират во овој обем, ќе биде невозможно да се одржи порастот на глобалната температура до само 1,5 °C.
А оние кои најмногу ќе се прошират со нафта и гас се некои од истите што тврдат дека ги предводат напорите за обновлива енергија. САД се „шампион уништувач“ и имаат планирано повеќе проекти за нафта и гас до 2050 година од која било друга земја, во износ од околу 72,5 гигатони CO2.
Заедно со САД, уште четири други земји од глобалниот север кои имаат најголеми економски средства за брзо укинување на традиционалното производство, во извештајот се нарекуваат „климатски лицемери“.
Тие се одговорни за 51% од експанзијата на нафтата и гасот до 2050 година. Канада ги следи САД и потоа се Австралија, Норвешка и Велика Британија.
„Едноставно е: кога сте во дупка, првиот чекор е да престанете да копате. Климатската криза е глобална по природа - но е страшно неправедна“, вели коавторот на извештајот, Ромен Јуалален. „Неколку најбогати нации во светот ја ризикуваат нашата иднина со намерно игнорирање на апелите за откажување од фосилните горива.