Случајот Расел Бренд и глобалниот тоталитаризам

Јутјуб и ТикТок го скинаа Расел Бренд само заради медиумски обинувања против него, а не е ни обвинет, не па осуден. Ај тие, ама кој курац има британски парламент да го притиска Канаѓанецот од Рамбл, нашиот Крис Павловски, дали и зошто Расел Бренд уште може да прави пари преку таа платформа?

„Невин додека не се докаже спротивното“ е принцип од некои други времиња што не се овие. Стои таа презумција на невиност и натаму во конвенциите за човекови права и материјализирана е во уставите и законите на демократските земји, во во реалноста таа е длабоко закопана од „правдата“ на интернет рајата и семоќните социјални платформи.

Во заедничка новинарска сторија на Сандеј Тајм и Канал 4, четири анонимни жени го обвинија Расел Бренд за силување, сексуален напад и емоционално злоставување. Тој ги негира обвинувањата (повеќе за тоа види во: Му дојде редот и на Расел Бренд).

Расел Бренд во моментов не само што не е осуден, туку не е ни обвинет. Но, на судот на интернет платформите, за него веќе падна пресуда.

Јутјуб и ТикТок го демонетизираа, односно му ја укинаа можноста да заработува од содржината кои ги создава и објавува таму. Казнет е не за нашто што излајал кај нив или за некое спорно видео кое го објавил, туку за нешто што, ако се случило, се случило надвор од тие платформи, пред многу години и притоа нема никаква врска со правилата за говор и содржини на Јутјуб и ТикТок. Казнет е затоа што - за сериозни дела, да се разбереме - прст на него покажале четири анонимни жени.

Се разбира, појма немаме дали тој е крив или не е крив. Затоа постојат регулирани процеси со кои се обелоденува тоа. Ама ова што се прави е мноооогу погрешно.

Некој може да каже, Јутјуб е приватна компанија па може да прави што сака. Не е така, (бидејќи е некој кој го регулира јавниот простор а тој не е приватна прчија), но еве, нека е така. 

Како тогаш да се објасни шокантното писмо од комитет на британскиот парламент до Крис Павловски, првиот човек на платформата Рамбл во кое се бара да им се објасни дали и зошто Бренд уште може да заработува пари преку нив?

„Знаеме дека Рамбл не е креатор на содржината која таму ја објавува господинот Расел, но загрижени сме од можноста тој да профитира од својата содржина на платформата. Би биле благодарни ако ни разјасните дали тој може да ја монетизира неговата содржина и дали планирате да му се придружите на Јутјуб во суспендирањето на Бренд“, стои во писмото од Комитетот нза култура, медиуми и спорт на бртитанскиот парламент.

Речиси идентично беше писмото од ТикТок а таа истоветност во формулациите, за некои е сигнал дека тука воопшто не се работи за Расел Бренд туку се создава политички изговор, некои моќни влади, во колаборација со некои моќни социјални платформи, да се здобијат со целосна контрола врз гласот на неистомислениците на интернет.

Ваквите дописи Рамбл ги оцени како екстремно вознемирувачки па одговори јако:

Иако Рaмбл e против секаков сексуален напад, силување и слични сериозни злосторства, и верува дека и наводните жртви и обвинетите имаат право на целосна и сериозна истрага, од витално значење е да се забележи дека неодамнешните обвинувања против Расел Бренд немаат никаква врска со содржината на платформата на Рамбл.

Уште вчера Јутјуб објави дека, само врз основа на овие медиумски обвинувања, му забранува господинот Бренд да ја монетизира неговата видео содржина. Рамбл се залага за многу различни вредности. Ние се посветивме на виталната кауза за одбрана на слободниот интернет - интернет каде што никој произволно не диктира кои идеи можат или не можат да се слушнат, или кои граѓани може или не мора да имаат право да бидат на платформа.

Сметаме дека е крајно несоодветно и опасно Парламентот на Обединетото кралство да се обиде да контролира кој смее да зборува на нашата платформа или да заработува за живот од тоа. Да се ​​издвои поединец и да се бара негова забрана е уште повознемирувачко со оглед на отсуството на каква било поврзаност помеѓу обвинувањата и неговата содржина на Рамбл. Не се согласуваме со однесувањата на многу креатори на Рамбл, но одбиваме да ги казниме за постапки кои немаат никаква врска со нашата платформа.

Иако можеби е политички и социјално полесно за нас да се приклучиме на толпата која егзекутира кансел култуеа, тоа би било кршење на вредностите и мисијата на нашата компанија.

Категорично ги отфрламе барањата на Парламентот на Обединетото Кралство.

Не дека и други не гледаат што се случува и во каков контекст доаѓа и се пакува овој случај (види: Од Асанж до Бренд).

Илон Маск мисли дека хајката против Бренд се должи на долгогодишниот скептицизам на Бренд кон медиумите. „Нормално. Не сакаат тие конкуренција“, коментираше Бренд на  видеото на Бренд.

Такер Карлсон повлече паралели помеѓу обвинувањата и претходните „теории на заговор“ на Бренд за ковидот и војната во Украина: „Критикувајте ги фармацевтските компани, преиспитувајте ја војната во Украина и можете да бидете прилично сигурни дека ова ќе се случи“.

И на Бен Шапиро му е сомнителен тајмингот и позадината на случајот, потсетувајќи дека Бренд своевремено беше славен како херој на новата левица.

Ваквите мислења, своевремено одличниот Салон (денес дно, исто како Ролинг Стоун) ги оцени како мислења на неколкумина „крајно-десничарски коментатори и љубители на теории на заговор“.

21 септември 2023 - 13:27