Расел Бренд се обвинува за силување, сексуален напад и емоционално злоставување во период од седум години на врвот на неговата слава. Досието му го спакуваа новинари на Сандеј Тајмс, Тајмс и Канал 4.
Тој ги негира обвинувањата. Пред објавување на приказната, на неговите адвокати им била дадена шанса да одговорат на обвинувањата но овие не се согласиле да одговараат на обвинувања од лица кои од медиумите добиле привилегија на анонимност.
Адвокатите на Бренд го окарактеризирале начинот на кој било поднесено барањето за коментар како дел од „претходно смислена стратегија за нанесување штета на нивниот клиент“ – додавајќи дека тој верува дека постои „длабоко загрижувачка агенда за сето ова, поради фактот дека тој претставува алтернативна медиумска платформа која се натпреварува со мејнстрим медиумите“.
Еве го него, со свои зборови. Никогаш не криел дека бил промискуитетен но неговите врски секогаш биле засновани на заедничка согласност:
Една жена тврди дека влегла во тримесечна врска со него кога тој имал 31 година а таа 16. Друга дека ја силувал во неговиот дом во Лос Анџелес. Подоцна му испратила порака да каже дека била исплашена од него и дека се чувствувала искористена, додавајќи: „Кога девојка ќе каже НЕ, тоа значи не“. Бренд, наводно, одговорил дека му е „многу жал“. Медиумите кои ја објавија приказната имаат регистрирано обвинувања и од трета и од четврта жена.
„Кога ќе видам дека мојата транспарентност метастазира во нешто криминално, што апсолутно го демантирам, ме тера да се запрашам: да не постои поинаква агенда ?“, вели Бренд.
**************
Расел Бренд на Оффнет - ОВДЕ