Секогаш е истата приказна. Ако тргнете против естаблишментот, без разлика дали имате намера да станете судија на Врховниот суд, претседател на САД или сте позната личност со влијание, мејнстрим медиумите излегуваат со обвинувања за силување. И биваш осуден пред да почне каков било судски процес.
Ден и ноќ ќе зборуваат за тие наводи, ќе убедуваат дека не може да бидат лажни, толку те валкаат што стануваш виновен додека не докажеш дека си невин.
А обвинувањата често се враќаат со децении наназад. Кога ќе стигнете на суд, ќе речат дека дека оној што обвинува не треба да биде вкрстено испрашуван поради загриженост за неговата приватност. Обвинувачот може да уништи позната кариера и личност, но не може да биде вкрстено испрашуван? Како функционира тоа?
Се разбира, никој не поддржува никаков физички или сексуален напад на жена или маж, сите се против тоа. Но, интересно е како за ова секогаш се има приказна кога сте против естаблишментот или припаѓате на погрешна политичка опција.
Во моментов, Асанж сè уште е во притвор, не поради силување, не затоа што лажел против која било влада, туку затоа што ја кажал вистината. Ја разоткри власта и со години го убиваат, очекуваат да умре во притвор. Поборнициите на слободата на говорот во суштна се против секаква транспарентност, против секој слободен говор. Господ нека ни е на помош!
Сајмон Атеба,
дописник од Белата куќа за Њуз Африка во Вашингтон