Фудбалер на Ајакс го повтори славниот гол на Ибрахимовиќ

Ајакс славеше 0-2 синоќа против НАК Бреда а Мика Готдс постигна прекрасен гол во стилот на Златан Ибрахимовиќ на времето. Интересно и Ибра го даде тој фамозен гол баш против истиот ривал НАК Бреда.

20-годишниот Мика Годтс е најголемо откритие на сезоната. Има 16 гола и 11 асистенции на 29 натпревари само во холандското првенство. Тој е Белгиец, потекнува од школата на Андерхлехт а во Ајакс дојде од младинската екипа на Јонг Генк. За репрезентацијата на Белгија има 2 настапи а дебитираше на 28-ми март годинава и ќе игра на Светско првенство летово.

Трката за шампионската титула во Холандија одамна е завршена. ПСВ Ајндховен уште пред неколку недели ја потврди и математички, а лидерот кој го одбрани пехарот има 77 бода, дури 19 повеќе од второпласираниот Феенорд. Има голема битка за местата кои водат во Европа зошто од второ до петто место ги делат 4 бода.

26 април 2026 - 09:52