Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Уште едно пукање близу Трамп

26 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • За време на годишната вечера на Здружението на дописници од Белата куќа во хотелот Хилтон на која присуствуваше и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, напаѓач испукал повеќе истрели кон безбедносен контролен пункт во хотелот Хилтон.

  • 31 годишниот наставник Кол Томас Ален од Калифорнија бил вооружен со пушка, пиштол и повеќе ножеви и со полицајците разменил оган, при што еден припадник на обезбедувањето бил застрелан во неговата заштитна опрема.

  • Трамп, Венс и другите битни фаци беа брзо евакуирани.

  • На оние што останаа, новинари и инфлуенсери, им беше жал виното да не пропадне.

  • Херој на вечерта:

  • Трамп ја искористи приликата да каже дека вакви инциденти во недоволно обезбедени простори како хотели, ја покажуваат оправданоста на неговото реновирање на балската сала во Белата куќа за што ќе списка околу 400 милиони долари.
  • Други се сомневаат во автентичноста на целиот инцидент и веруваат дека се работи за уште едно наместено одвлекување на вниманието на јавноста од фајловите на Епстин.
извор

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Молдавските лидери ја осудија како „закана“ одлуката на Владимир Путин да го поедностави процесот на давање руско државјанство на жителите на регионот Придњестровие, кој се отцепи од Молдавија пред 36 години.
  • Една половина од жителите на Придњестровие веќе имаат руско државјанство. Декретот на Путин објавен во петокот им овозможува на уште 350.000 луѓе да добијат руски пасоши без да го исполнат условот за постојан престој во Русија. 
  • „Ова е начин повторно да ни се закануваат, бидејќи на Русија не ѝ се допаѓаат нашите акции за реинтеграција. Веројатно им требаат повеќе луѓе за да испратат во војната во Украина“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.
  • Рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Озеров, изјави дека потегот е од хуманитарни причини, во согласност со меѓународното право, поради „зголемениот притисок“ од Молдавија врз Русите. Тој ги оцени реакциите како „лицемерие“, бидејќи Молдавија им дозволува на нејзини граѓани да добиваат романски пасоши.
  • Придњестровие се отцепи во 1990 година, кога Молдавија сè уште беше советска република. По двегодишен судир со повеќе од 1.000 жртви, двете страни се во мир, заштитуван од контингент од 1.500 руски војници. Регионот има свои политички институции - парламент, војска, полиција и поштенски систем.
извор

Американците платиле 45 милијарди долари повеќе за гориво поради војната во Иран

18 мај 2026
  • Share
  • Post
  • Американците кумулативно потрошиле околу 45 милијарди долари повеќе на бензин и дизел за време на војната со Иран отколку во истиот период пред една година, според анализата на податоците за цените.
  • Ако цените на бензинот останат близу до сегашните нивоа до крајот на 2026 година, JPMorgan проценува дека Американците ќе издвојат 172 милијарди долари повеќе отколку минатата година.
  • Само во текот на март, американските авиокомпании потрошиле речиси 1,3 милијарди долари повеќе за керозин отколку во истиот месец лани, според Министерството за транспорт.
  • Економистите веруваат дека поголемите поврати на даноци оваа година им помогнале на многу Американци да ги пребродат раните фази од шокот. „Враќањата драматично ќе се намалат во мај, оставајќи ги потрошувачите повеќе изложени на порастот на трошоците за гориво“, оцени Оливер Ален, виш американски економист во Pantheon Macroeconomics.
  • Поскапувањето на горивото најсилно ги погодува потрошувачите со ниски и средни приходи, покажуваат анализите. Трендот се поврзува со падот на политичкиот рејтинг на претседателот Доналд Трамп, кој води кампања за преполовување на трошоците за енергија на Американците.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Три минути

Мешано
2

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
3

Контроверзното видео на Вардарци за кое реагираше и министерството за спорт

Фудбал
4

Од втора лига, скопскиот гигант се издигна и стана шампион на Македонија

Фудбал
5

Македонија до Колумбија

Разно
6

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

7

Почина легендарниот карикатурист Коракс

8

Челси има нов тренер, врвниот стручњак кој правеше чуда со Леверкузен

1

Сообраќајот како огледало на егзистенцијалната беда

Урбан
2

Луѓето во Судан испозагинаа од дронови

3

Почина легендарниот карикатурист Коракс

4

Тендери: Кога ќе се навежбаш со едните, ќе бидеш навежбан и за другите

5

Што се случи со сериските убијци?

Занимливости
6

Работата те дебелее

Работа
7

Бивш директор на ЦИА: Иран ни држи пиштол на чело

Свет
8

Путин им нуди руски пасоши на жителите од регионот отцепен од Молдавија

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Македонија до Колумбија

Разно

Видиковецот, среден

Македонштина

Да одиме на Водно, да се надишеме

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За името: Ханс Лотар Штепан, екс германски амбасадор во РМ

Пуштате ли малцинства на пешачки?

Зошто Заев нема да добие Нобелова награда

Медуза од Битола. Каде се, што прават?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy