Гармин се покажа како многу издржлива компанија.
Во изминатите 15 години, два огромни технолошки играчи директно удрија по главните приливи на компанијата.
Во 2008-ма година, од своите автомобилски ГПС уреди, Гармин заработуваше две милијарди долари. Сега од низ заработува една милијарда.
Но, затоа:
Од 2008 до 2014 година, паметните фитнес часовници и уреди на Гармин пораснаа од нула на една милијарда долари.
Потоа, Епл го објави својот Епл Воч. Како одговор на заканата од Епл, Гармин се позиционираше во продажба на модели од висока класа и создаде парче од пазарот за премиум фитнес смарт часовници (2-3.000 долари наспроти 799 долари за Епл).
Денес, паметните фитнес часовници сочинуваат 60% од продажбата на Гармин од околу 5 милијарди долари. ГПС сегментот (рамномерно поделен помеѓу автомобилски, авијациски и поморски сегменти) е 40% од приходот (наспроти 100% во 2008 година).
Преживувајќи ги технолошките Годзили, од 2008-ма до денес Гармин е зголемен за три пати и вреди 20 милијарди долари.