Зимата 2022 година, Мурдок антиципирал дека ќе го изгубат судскиот случај од Доминиот системите за гласање но дека ќе платат околу 50 милиони долари отштета. Во април случајот беше завршен, со обврска Фокс Њуз да плати 787.5 милиони долари.
Доминион тужеше заради повторуваните сомнежи во етер дека нивните машини за гласање биле штимани против Трамп со што биле манипулирани резултатите од изборите во 2020 година. Тоа беше тема која редовно ја актеулизираа низа нивни водители (Такер Карлсон, Шон Ханити, Лу Добс) а обвинувањата доааѓа од многу нивни гости.
Судскиот случај обелодени внатрешни документи по кои во куќата знаеле дека зад шпекулациите нема вистина, но се држеле до нив затоа што темата носела гледаност.
Во книгата „Крајот на Фокс Њуз и династијата Мурдок“ се открива и гневот кој за Трамп постојано го чувствувал стариот Руперт. Мурдок предвидува дека поради дамки од минатото, Трамп мазно ќе изгуби републиканска номинација од ДеСантис но Трамп продолжува да ужива огромна предност во сондажите на национално ниво и во клучните држави.
Книгата имала пикантерии и од бракот на Мурдок со Џери Хол, бившата на Мик Џегер.
Последна вест: После 70 години, 92 годишниот Руперт Мурдок се повлекува од чело на династијата. Ќе го замени син му Лахлан.