Вести

ЕУ едвај се ослободи од Орбан, ќе го дочека Симион?

По 16 години ЕУ го дочека крајот на власта на Виктор Орбан во Унгарија, но сега може да добие уште понезгоден бунтовник во Романија – Георге Симион, кој ја опишува како „државен удар“ улогата на Брисел во поништувањето на претседателските избори пред две години. Владината коалиција во Букурешт се распаѓа, а партијата на Симион убедливо води на анкетите.

Тензиите од Ормускиот проток се прелеваат врз друго тесно грло

Последиците од блокадата на Ормускиот проток поттикнаа загриженост поради ризикот од битка за контрола врз Малачкиот теснец, низ кој поминуваат уште повеќе танкери и товарни бродови. Земјите од регионот тврдат дека немаат планови да го блокираат ниту да воведуваат „патарини“, но тоа може брзо да се смени, во зависност како ќе биде решена кризата во Персискиот Залив.

Мерц ја притиска Урсула да ја демонтира бирократијата во Брисел

Германските конзервативци ѝ спремаат дочек на „својата“ Урсула фон дер Лајен, со строг ултиматум: Да ги демонтира контролата и бирократијата во Брисел или да се соочи со  ограничување на овластувањата на Европската комисија. ЦДУ и канцеларот Мерц го губат трпението поради бавното темпо на реформите, кое ги кочи бизнисите во ЕУ и во членките.

Речник

Трамп го шпионира папата

Тензиите меѓу Ватикан и Белата куќа не се ништо ново, но низ историјата главно се решавале со политички изјави или со намерно молчење. Трамп ги кренал на ниво на студена војна. Личните расправии со папата Лав XIV, ги смета за закана на интересите на САД и затоа ја активирал целата разузнавачка машинерија насочена против Ватикан.

Сакал да ги убие сите во администрацијата, почнувајќи од Трамп

Кол Ален, приведен по нападот врз Вечерата на дописниците од Белата куќа, на која беше присутен и претседателот Трамп, во манифест до членовите на  своето семејство објаснил дека има „праведна должност“ да ги елиминира административните службеници од највисокиот ранг до најниските. Плус, забележал дека слободно се прошетал вооружен до заби во хотелот.

Европа стана американски вазал со бескрајна регулација

Уште откако во Европа стигнаа американските фармерки, холивудските блокбастери и Биг Мековите, постои загриженост дека Европа ќе стане жртва на американската доминација. Но, она што некогаш беше загриженост за културната хегемонија, со текот на времето се претвори во паника поради економската зависност. Ако Трамп стварно запне по Гренланд, а ЕУ пружи отпор, ќе дојде ли до тоа на Европејците да им ги блокира Виза и Мастер картичките?

За кого всушност е тоа Прајдот?

Оние кои забележуваат дека Парадата на гордоста има станато пародија на самата себе, се обвинуваат за „трансфобија“ и „омраза“, блесав но ефикасен метод за избегнување критики. За сите овие смарачи, важно е да се идентификува каде тоа застрани Прајд, пишува Ендрју Дојл во Спектатор. Инаку, геј е човекот.

Дебатата за Украина ја водат тинк-тенкови финансирани од воената индустрија

Со гласна поддршка од влијателни тинк-тенкови, САД на Украина од почетокот на војната ѝ имаат донирано над 48 милијарди долари само во воена помош. Сега излегува дека таквите тинк-тенкови се финансирани од оние што го произведуваат оружјето кое се испраќа на фронтот. Има логика.

Соларни панели, еко-катастрофа во најава

Додека по светот се промовираат како клучно оружје за намалување на емисиите на јаглерод, на малкумина им текнува дека соларните панели имаат животен век до 25 години. Што ќе се прави со милијарди панели кои на крајот ќе треба некако да се отстранат и уништат? 

Шампионите на Москва

Поранешен началник на руската агенција против корупција е прогласен за рекордер по примање мито во Русија, што, имајќи ја предвид Русија, треба да значи нешто.

ММЕ кој ја сруши браната Каховка

Се работи за една од најголемите брани во Украина која ја пресекува реката Днепар и чија стратешка важност за Русите е што од таму со вода се снабдува Крим, а за Украинците е што водата од оваа брана се користи за Запорожје нуклеарната централа, плус е наоѓа на некои си 30 км од Херсон. Утрово се случи експлозија по која браната е збришана, а водата почна да се излева.

Француски исповеди: Американците се предатори

Неверојатен, а можеби и без преседан отворен и искрен одговор на поранешен француски министер за економија за тоа какви сè методи користат САД за одржување на својата светска доминација, вклучително и кон сојузниците. „Но и ние сме виновни, бидејќи имаме заборавено дека слободата секогаш има цена,“ вели Арно Монтебур.

Инвестициските фондови што ги тераат коропорациите на самоубиство

Изминативе месеци некои од најголемите глобални корпорации со неизмерни системи на проверка и одлучување, решија да свртат од стандардните пораки и најдиректно да ја поддржат разбудената идеологија, посебно во делот на промоција на транс-права. Секој што го направи ова му се случи крах на берза од милијарди долари и по него пак излезе нова компанија што го повтори истото.

Тенкови ќе има и авиони ќе има, ама не сега

Првиот човек на американските вооружени сили објави дека е започната обуката на украинските војници на Абрамс тенковите, меѓутоа тие треба да се сметаат за долгорочна одбрана против Русија, а не нешто што ќе и биде достапно на Украина за контраофанзивата.

Берлин побара од Кина да им ги остави на раат пензионираните воени пилоти

Кинеската влада масовно ги користи германските воени пилоти излезени од служба за обука на својата воена авијација, и ова не е по мерак на владата што ја платила целата нивна обука и образование.

Паралели меѓу транс-движењето и јаничарите

За разлика од нас, на Американци (кои не играле Age of Empires) не им е баш најпознат поимот јаничари, па магазинот Револвер за својата публика нуди неколку паралели меѓу нив и денешните транс-активисти: во поглед на нивното регрутирање, фанатичната лојалност, гениталното осакатување, социјалната промоција и желбата за статус во Империјата. Ашколсун.

Роуан Аткинсон: Сакам електрични коли, ама, малку ко да сум измамен

„За жал, задржувањето на старата кола се чини подобра опција од купувањето електрична. Постојат и битни еколошки причини да не се брза со промената“, пишува во Гардијан актерот изненадувајќи нè и со неговото образование: има завршено електро факултет и магистрирано на контролни системи.

Најголемиот лузер во историјата на Битлси

Не, не е тоа нивниот прв тапанар Пит Бест. Пред Брајан Епштајн, Битлси имаа друг менаџер кој се налутил кога овие не му платиле за една свирка. Замислете да можете да се вратите во времето и да инвестирате некоја пара во Битлси. Денес тоа би било огромно богатство. Ален Вилијамс имал таков удел, ама дигнал раце. За девет фунти.    

Обуки за диверзитет и инклузија се бадијала горење пари

По убиството на Џорџ Флојд на чудесен начин процвета една индустрија која нудеше скапи обуки за диверзификација и уште поскапи експертизи за „најдобри практики.“ Милијарди долари вредна шашма која брзо се вгради во многу моќни јавни и приватни институции. Учинокот на таа сурија експерти и консултанти е некогаш нула, а некогаш минус.  

Култот на климатската апокалипса

Религиозната реторика и апокалиптичните визии се чувствуваат како дома во радикалниот еко-активизам. Библиската апокалипса е одмазда за грешниот свет, таква е и зелената апокалипса, само што, за разлика од првата, нема да изгорат само грешните туку топтан сите. Еко-радикалите не следат никаква наука, тие промовираат библиски фантазии.

Линдзи Грем е болен психопат

Во отворена програма со слушатели, го прашуваат Скот Ритер што мисли за неодамнешната изјава на американскиот сенатор Линдзи Грем (Види: Проговори некрофилот Линдзи) дека најдобра американска инвестиција е што ѝ давале пари на Украина за да убиваат Руси. Дали е тоа нормално?

Дали Украина треба да ја префрли војната во Русија?

Главната идеја зад нападите на руска територија е да се создаде реална закана за Русија, која би била присилена да се повлече, целосно или делумно, од фронтовските линии за да може да ја одбрани својата заднина. И ова до сега низ историјата се има покажано како успешна тактика, која во случајов има сериозни недостатоци.

ОПЕК побара раат од новинари во Виена

Некои од најголемите глобални медиумски групи како Ројтерс, Блумберг и Вол стрит журнал останаа без покана за присуство во седиштето на ОПЕК за викендов, каде деновиве треба да се одлучи за производството на нафта во остатокот од годинава.

Долгиот одговор на Ердоган на обидот за воен удар

Веројатно некаде во Вашингтон се води евиденција колку семинари за демократска контрола на војската се одржани во светот. Нема држава што во вечерната школа на демократијата не ги минала предавањата за парламентарните механизми за надзор на војската, полицијата и тајните служби, исклучувајќи ги од тоа јавните странски служби бидејќи тие се таму како гарант на демократијата.

Зошто Кина не сака јуанот да го замени доларот како резервна валута

Како никогаш до сега де-доларизацијата доби на сила на глобално ниво, а главен ќар од овој процес за сега има кинескиот јуан, меѓутоа процените се дека Кинезите и не се нешто посебно желни да го заменат доларот на светско ниво.

Повлечени се преку 300 студии за ковид

Поради незапамтениот интерес за една болест како што беше ковидот, истражувачи штанцаа и им беа објавувани студии кои не задоволуваат ни минимални научни стандарди или пак биле етички спорни. Сега полека се расчистува теренот но штетата ќе трае долго: дури и повлечените студии продолжуваат да бидат цитирани.  

Што е проблемот што рускиот имот само се замрзнува, а не се запленува

Кога британскиот министер за транспорт триумфално на Тикток покажуваше како 58-метарска руска суперјахта вкотвена во Лондон повеќе нема да смее да мрдне од пристаништето, и покрај целата желба тој не смееше да стапне на нејзе затоа што Британија само ја замрзна нејзината сопственост, но не ја заплени. Идентично е и со останатите стотици милијарди долари замрзнат руски имот.

Вештачката интелигенција уште не е за на суд

Њујоршки адвокат побарал од вештачка интелигенција да му ископа шест судски случаи кои се слични со неговиот. Ги добил па ги поднел како дел од својот предмет, ама судијата забележал дека не постојат такви случаи. Адвокатот сега се колне дека веќе никогаш нема слепо да му верува на ЧетГПТ. 

Обврзница на европските народи за обнова на Украина

Омилената закана на Западот за искористување на запленетите 300 милијарди долари руски имот за реконструкцијата на Украина е обремена со толкави пречки, од правни до историски, што за сега е малку веројатно да се случи. Процената на Фајненшл тајмс е дека ако се сака да се помогне на Украина тоа треба да го направат  лично Европејците.

Не функционер, функционериште

Локален функционер од Индија наредува, затоа што му се може, една брана од неговата околија да биде испразнета за тој да може да го најде мобилниот телефон што му паднал во водата.