Електронската одбрана главно е составена од попречувачи на сигнал, кои ги блокираат ГПС системите на леталата и предизвикуваат тие да ја утнат зададената мета.
Русите од почеток ги користат овие системи, меѓутоа ако во првите фази од војната тоа било за попречување на комуникацијата (мобилна / радио и дронови), откако западните ракетни системи влегуваат во Украина, руската опрема е пренасочена кон новите закани.
„Бидејќи и ХИМАРС и Екскалибур 155 се водени од сателити, електронското војување кое Русија активно го користи е еден од елементите на одбрана од нас,“ објаснува еден од командантите на дронови од украинската 59-та Моторизирана бригада.
Главното руско оружје на овој фронт е Пол-21, кој го блокира ГПС сигналот за да ги заштити Русите од напади од дронови и ракети.
Самиот Залужниј во есејот за Економист од пред некое време напиша дека Русија сега масовно почнува да произведува електронско оружје, и дека руските мерки значително ја намалиле успешноста на Екскалибур ракетите со продолжен домет.
И Пентагон ја признава успешноста на руските попречувачи на сигнал, но со забелешка дека ХИМАРС-ите и останатите американски системи не биле целосно неуспешни. Од таму објаснуваат дека увидени се слабостите и дека веќе се работи на подобрување и апдејтување на овие системи.