Мејловите од единицата 8200 откриваат дека висок офицер кој ги разгледал разузнавачките податоци сметал дека опасноста од масовен изненаден напад од Хамас преку границата на Газа е „измислено сценарио“.
Наводно Хамас дале имиња на приправените кибуци на кои се обучувале, вежбале за кревање знаме над синагога и имале планови за освојување на воените бази и убивање на сите во нив.
Израелскиот Канал 12 објавува дека првичните предупредувања биле потврдени неколку дена подоцна со докази дека и други единици на Хамас се вклучени во слична обука насочена кон други мети. На презентираните докази високиот разузнавачки офицер кој одлучувал во врска со нив, порачал дека е неопходно да се прави разлика меѓу што прави Хамас за „шоу“ а што е „реалната“ цел на тренингот.
Лицата што ги протекуваат информациите заклучуваат дека Хамас успешно ја завршил обуката за операцијата, бидејќи високи команданти на организацијата присуствувале на вежбите, што било потврдено и од извештаи на ИДФ од границата со Газа.
И покрај предупредувањата, дури и пред самиот напад од 7 октомври, кога високи офицери разговарале околу шансата за неизбежен напад од Хамас, за нив доказите за истото биле „слаби“.