Мејлот до вработените на ЦИА бил „едноставен потсетник за постојната политика“ што компанијата ја има околу објавувањето на социјалните мрежи.
И покрај потсетувањето на правилото, вработениот не бил дисциплиниран за постот, бидејќи било проценето дека „немало намера да се изрази мислење за конфликтот.“ Истиот вработен имал објавено и пораки во кои се осудува антисемитизам.
Заради постот ЦИА требаше јавно да се објаснува дека нејзините вработени „се посветени на аналитичката објективност, која е сржта на работата што ние ја вршиме како Агенција. Офицерите на ЦИА можат да имаат лични мислења, но тоа не ја намалува нивната, или агенциската, посветена и непристрасна анализа“.
Пред ова, судирот во Газа предизвика проблеми во администрацијата на Бајден, откако стотици вработени потпишаа писмо во кое бараат Бајден да притисне за примирје за да ги заштити палестинските цивили, а десетици вработени на Стејт департментот не се согласувале со пристапот што Белата куќа го има кон конфликтот.